Среда , Август 24 2016
Колумни

Пареа (поезија)

Abstract-Smoke-Flying-Bird-Art-Photos-5275

Ти ја цртам насмевката со крв од спомени -              речиси јаве е.   Низ плач и бакнеж ти ги отклучувам очите и мигум отаде небесата намигам со ѕвездена игра.   Сета тага на оној свет облак е од сите детски желби испиени од тишина која и животот го мрзне за да стане пареа.   (Песната е дел од стихозбирката In ... Read More »

Блаже Петревски и Катерина Гогова лауреати на „Кокински мугри“

kokinski mugri 2016

Годинашни победници на првиот поетски конкурс „Кокински мугри“ распишан од ЗГ Друштво на писатели – Куманово во периодот од 7.07.2016 до 24.07.2016 се Блаже Петревски од Охрид, добитник на наградата „Кокински мугри“ и Катерина Гогова од Дојран, добитничка на „Кокински бдеења“. Во конкуренција од вкупно 92 пристигнати творби, Петревски со својата „Пустина“, според жири-комисијата, видно се издвојува по своите естетички ... Read More »

Говор на Битието – осврт за стихозбирката In Nomine од Стефан Марковски

In-Nomine

∞ Стефан Марковски (Гевгелија, 1990) е едно од челните имиња на најновата генерација македонски поети. Завршил компаративна книжевност, а исто така е и апсолвент на Институтот за Филозофија при истоимениот факултет во Скопје. Самото тоа дава на показ дека станува збор за една интелектуална и љубопитна природа, која ја бара синтезата меѓу поезијата и филозофијата. Извонредно плоден за своите години. ... Read More »

Агрегатни превирања

123

  Се кршиш како прозорец погоден од топката на уличните деца кои бегајќи украле лубеница; лутата продавачка се заканува со полиција тие со намокрени пантолони околу бедрата и ја фрлиле назад.   Сега главата на продавачката лубеница е а јас ја држам во пазуви бегајќи од замрачените шаренила на одлетаниот ден уплашен од својата сенка.   Ја носам на пазар ... Read More »

Десетти „Роднокрајни поетски средби“ во Струмица

10 rodnokrajni poetski sredbi

На 31 јули 2016 година (недела),  во 20:00 часот, во новоотворениот клуб „Industrial“ (во близина на ОУ „Сандо Масев“), здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ги организира јубилејните десетти по ред „Роднокрајни поетски средби“. Станува збор за поетска манифестација која веќе редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и истата ... Read More »

Трипати взори

tripati

„Овие страници раскажуваат веројатна приказна, која сепак никогаш не би можела да се случи во реалноста. Всушност, раскажуваат за два лика што се среќаваат трипати, но секој пат е единствениот, прв и последен“.   Луѓето се брзаат и затоа чувствуваат потреба да читаат концизни романи, по можност добронапишани. Токму таков е овој на Барико, лесен, прецизен, видлив, брз, конзистентен и ... Read More »

Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better