Стефан Марковски - основач, гл. уредник

стефан марковскиДипломиран книжевник, апсолвент на Институтот за Филозофија при УКиМ. Постдипломец на Факултетот за драмски уметности, насока Филмско и ТВ сценарио. Автор на 10 објавени поетски, прозни и есеистички книги и неколку сценарија. За своите книжевни дела, преведени на неколку јазици, е добитник на награди од земјава и странство. Уредник на најстарото македонско книжевно списание – Современост, како и на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт (ИТИ).

 —————————————————————————————————————————————————————

Наталија Наумовска - заменик гл. уредник

наталија наумовскаПсихолог со пасија кон пишувањето. Потребата за пишување ја споредува со потреба за дишење и вели дека „без пишаниот збор ние би биле никој и ништо“. Години наназад успешно го води нејзиниот блог Крајбрежје на два спротивни света и максимално се труди да направи нешто поразлично и уникатно. Содржините кои можат да се најдат таму тоа го потврдуваат. Добро ја познава човечката природа, ја обожува природата и сака да допринесе светот да биде подобро место за живеење. 

Со присуството на социјалните мрежи е убедена дека прави барем минимална промена. Упорна, амбициозна и своја. Со својата уникатност допринесува вашите зеници да се прошират читајќи ги содржините на Зеница.

Автор е на 4 дела од кои едно е во печатено издание, а останатите во е-издание.

————————————————————————————————————————————————-

Николина Талевска - автор

72180_10200347600265912_1220466463_n

Дипломиран психолог. Откако сфати дека е подобро сама да ги пишува  составите за  писмените работи по македонски, отколку да и ги пишува мајка и , не престана да пишува се до денес. Се интересира за психотерапијата и 3та година посетува интегративно-еклектична психотерапија. Вљубеник во психологијата и кафето. Обожава да го гледа Менталистот :)

——————————————————————————————————————————————————————

Адријан Арсовски - автор

Адријан Арсовские студент на катедрата по општа и компаративна книжевност. Љубител на животните, спортот, музиката, филмот, книгата, науките и луѓето. Пишува откако знае за себе, а можеби пишувал и пред тоа, само што не се сеќава. Моментално работи на неговата прва книга. Сонува за свет каде што луѓето нема да се ценат според партиската определба, туку според знаењето и стручноста. Го сака футуризмот и научната фантастика како и фантазијата воопшто. Тежнее кон баланс на духовноста, телесното и умственото.

——————————————————————————————————————————————————————–

 

Јована Матевска - автор

Jovana MatevskaПишува откако знае за себе. Ја привлекува литературната разновидност. Добитник е на повеќе награди на општинско и регионално ниво. Екстроверт по природа,близнак во хороскоп. Сака да е опкружена со луѓе,а интеракцијата на социјалните мрежи и е зависност. Креатор на блогот Мемоарите на зеленооката. Како иден психолог се надева дека по завршувањето на студиите успешно ќе ги спои пасијата кон пишувањето и професионалната ориентација.

 

 

————————————————————————————————————————————————————————–

      Александар Алексов - автор


196751_113678478712994_6910707_nМ-р по туризмолошки науки и специјалист по правилна исхрана. Автор на три книги: Tрадиционален готвач, Скопје, 2011 год., Храната е љубов, Скопје, 2012 год., Ангел со скршени крилја (роман) Скопје, 2013 гд. Трагач по малите животни радости, инспириран од секојдневието ги сака сите форми на креативна уметност. Бунтовник и поборник за човекови права, го сака спортот и здравиот начин на живот. Неговото животно моте е: Задржи го мирот во душата, бори се за соништата, трагај по вистинската среќа и што е најважно е од се – биди ЧОВЕК.

 

 

—————————————————————————————————————————————————————-

               Костадин Ристов – автор

kostadin ristov

(1990) Апсолвент на Природно – математички факултет на Институтот за хемија – насока Аналитичка биохемија. Покрај природните науки заинтересиран за психологијата и духовната филозофија.

 

 

———————————————————————————————————————————————–

Comments

comments