Си бил еден многу сиромав младич и одошто бил сиромав си кинисал некаде далеку на печалба.

Одел, одел и приквечерина го фатил силен дожд и вијулици и си рекол да побара да преноќи во крајната куќа на некое далечно село. Почукал на вратата. На стариот домаќин, кој излегол да види кој чука, му рекол:

- Се напрајв лилјак, пријателе, жити Господ, прибери ме ноќва во куќава.

Стариот му рекол:

- Ќе мојш да влезиш, ама гол ќе се слечиш. Во вакво време ние сите дома, голи се слеквиме.

Видело, невидело момчето, страм не страм, се слекло. Ко влегло внатре во одајата гледа: стариот гол, двете снаи – голи, крај огнот се грејат.

erotic_minds_myriad

- Седни си, греј се, – рекол стариот, – не страми се, сите сме голи, таков е адетот кај нас.

Пошло крај огнот момчето и се топлит. Ама по некое време, пустиот, ѓавол да го носи, му се вроџил, се невидел. Го видел стариот и му рекол:

- Што, пустина, бре синко, ти се нароџи од топлото?

На постарата снаа е рекол:

- Оди, зеј го момчево во другана одаја, нека го намекнит!

Оде момчето, нејсе, сврши работа и пак отишол кај огнот да се топли. Ама, млад чоек, се потоплил и по некое време, пак му се нароџил. Стариот му рекол:

- Ај, пустина, пак се вроџил?

Е рекол на помладата сна да ојт со него во другата одаја. Свршило работа момчето и си рекло во себе: “Овде било за идење, пак ќе си дојда, ко ќе врнит дожд”. Преспал ноќта, сабајлето му ‘и исушиле алиштата и го пуштиле да си одит. По некое време, пак кога заврнало дожд, навечер зачукало на вратата кај стариот момчето.

eros_3

- Бујрум, бујрум, – рекол стариот.

Уште од врата младичот се слекол и трчат кај огништето. Ама таму не биле снаите, туку синовите на стариот. Се топлит момчето крај огнот и на постариот син му се вроџил. Старецот рекол:

- Стани, момче, одај во другата одаја, со синов да свршите работа!

Пусти, штури, момчето, ама издржало некако. Уште еднаш не му текнало да дојт во таја куќа.

Comments

comments