Се започнува како во сон, како во магла, преку првите осознавања на околината.

Препознавање на мајчиниот лик, нејзините зборови и чувствување на нејзината топлина. Истражување на скриените и непознати катчиња во околината, играта со најблиските, распознавање на познатите лица, запознавање со пријателите на човековиот род-домашните миленичиња.

За секого различно во зависност од местото на живеење, економските услови, статусот на родителите во општеството, условувањата од традицијата, политичкото и религиското опкружување, како и времето во кое сето тоа се одвива изразено преку моменталните услови на секоја генерација.

rosa

Сите овие чинители влијаат врз начинот на нашето осознавање и перцепција на светот околу нас и истите тие чинители ги врежуваат  цртите  на нашиот карактер, кои во повеќето случаи остануваат како составен дел на личноста во текот на нејзиниот живот, влијаејќи врз нејзиното сваќање на животната реалност.

На овој начин се создава едне невидлив шаблон кој го трасира животниот правец и неговите контури. Така започнува една несватлива и неодгатната игра во која се испреплетуваат и животите на другите луѓе.

Гледајќи ја оваа игра како непристрасен набљудувач, од една повисока, продуховена инстанца: Животот на еден поединец и животот на сите луѓе колективно, заедно со целата мрежа на релации, односи, врски, конекции-изгледа како ремек дело на некој мистериозен сликар кој преку луѓето сака да се осознае себеси.

v

Да ги почуствува страдањата на отфрлените, солзите на напуштените, болката на повредените, страста на заљубените, гневот на обесхрабрените, грижата на загрижените, восхитот на просветлените. И како во некој магичен круг на полети и падови се одвиваат животите на сите луѓе. И секој во текот на своето постоење (свесно или несвесно) ги искусува сите (примарни и сложени)емоции: љубовта, тагата, среќата, гневот, задоволството, омразата, восхитот итн.

Во тие духовни борби на морален избор, во процесот на своето созревање преку својот ” внатрешен монолог “веројатно секој од нас си ги има поставено прашањата: Што е животот? Која е мојата улога на овој свет? Која е смислата на животот? Што е тоа што треба и сум должен/а да го направам? Која е мојата вокација или повик?

Можеби сите овие прашања доаѓаат како резултат на  копнежот и стремежот да се запознаеме себеси и светот кој не опкружува. Да продреме во бескрајната мистерија на  постоењето која никој до сега колку и да се трудел не ја одгатнал.

Hot day Cold night-423031

Постојат само обиди и хипотези во насока на осознавањето на овие суштински прашања, но никој со сигурност не може да ја осознае целокупната вистина.

Можеби  сите од нас како луѓе се различни, за да постојат различни агли на перцепција. А целокупната разновидност и различност да создава еден суптилен систем на знаења. Но тој систем нема да биде систем доколку не е составен од сите составни делови. Затоа секоја личност има улога во општохуманите случувања. Од таа причина луѓето не би требало да ја потценуваат својата голема улога во општохуманите и општочовечките случувања.

Нашата должност, улога, повик на овој свет е да бидеме хумани битија. Нашата должност како личности е да имаме пошироки видици за сметка на ограниченото гледање на работите. Затоа што според “ефектот на пеперутката” секоја наша макар и  најмала акција се рефлектира на целокупното човештво.

butterfly-effect-magical

Должни сме како хумани битија да помогнеме, да споделиме, да кажеме убав збор, да дадема подршка. Да гледаме кон другите со емпатија, почит, разбирање. Да бидеме алтруистички настроени, да се дистанцираме од секое зло, да не учествуваме во погрешните одлуки на некој друг, да дадеме отпор кон неправдата како кон нас така и кон другите (затоа што не постои лично добро ако сите околу нас се лошо). Должни сме да бидеме сплотени во тешките времиња и пред предизвиците. Должни сме заедно да се потрудиме да изградиме една заедничка подобра иднина. Успех е да го кренеме и оној кој е ” паднат “,  за да стои до нас и да се почувствува како составен дел од заедничкото животно патување.

Затоа што годините се нижат а спомените остануваат како некое далечно минато. А ние имајќи право на избор и слободна волја, можеме да избереме како ќе делуваме во сегашноста и што ќе оставиме позади нас како минато или спомени. Дали нешто со што ќе бидеме горди и задоволни или тажни затоа што сме можеле а не сме направиле. Затоа што животот е карта во еден правец, без можност за повратен билет.

482128_170499059769007_1404085464_n

Животот не е само стремеж кон среќата, животот е убав со сите негови составни делови. Со среќата, тагата, добрите и лошите искуства.Затоа што животот е се она од што се состои. Нема целост во една половина. Затоа е наивно да се трага само по среќата и убавите искуства. Сите случувања во животот претставуваат благослов доколку се сватат свесно и правилно. Впрочем нема зло без добро и добро без зло. Тие постојат за да се свати суштината  на било која вредност. Со ова воопшто не го подржувам злото, туку сакам да укажам на контрадикторноста на појавите во животот.

Секое(од наш аспект) лошо искуство може да е само подготовка за наредно добро искуство. Секоја затворена врата или поглавје во животот не води кон нова врата или поглавје. Ако ние тие промени ги прифатиме и се прилагодуваме на нив, слободно ќе циркулира животната енергија, а доколку болуваме, одбиваме да прифатиме и даваме отпор ние се блокираме себеси за понатамошниот развој.

Ништо што ни се случува не постои за да не скрши туку за да не направи помудри, подобри, почовечни, посвесни.

5710_425707030848001_268508220_n

Животот е како воз.Секој тргнува од една почетна точка “станица” и мора да го помине патувањето со другите патници. Ние не ги избираме патниците кои патуваат со нас, ние само можеме да се прилагодиме кон нив или дистанцираме од нив. Но мораме да патуваме. Како што ние не избираме кога тргнуваме, така не избираме и кога се симнуваме од возот (секој различно се симнува). Но тој период додека сме заедно имаме иста цел: – Сите патуваме.

            Животот е дар, животот е вдахновение. Животот живее во нас и преку нас. Животот сведочи за себе преку сопственото сведочење. Животот е енергија која се шири низ нас.

Ние не го живееме животот, животот не живее нас. Ние сме само средство кое избира како ќе го живее тој драгоцен дар.

 

за zenica.mk: Ана Андриќ

CTRL + Q to Enable/Disable FBPhotoZoom
CTRL + Q to Enable/Disable FBPhotoZoom

Comments

comments