Расказите на овој не толку познат, но неправедно запоставен прозаист за којшто сум уверен дека не сте слушнле можеби поради тоашто нашата држава станува арена на политичка барба, а не поле на културно воздигнување можат да не заведат на повеќе начини и да ни покажат многу повеќе љубов, човечност и пристап кон другиот и голема болка, тага, разочрување, осаменост, скаменетост во својот привид од друга страна како да сѐ уште не знаеме дали прозаистот сакал да ни подари нешто коешто ќе не натера да се натажиме или да се насмееме.

Впрочем во неговата збирка можеме да наидеме на моменти и за смев и за плач, но вештината со којашто тој владее е тоа да го направи во многу малку реда, со многу малку средства во смисла средство неопходно да се насмее или да се расплаче еден човек. Кога читаме еден расказ кој не тера едноставно да се смееме тој е толку краток, флуиден што се чувствуваме како да гледаме старец кој се исплазил и широко зинал, а во устата има само два и тие не доволно стабилни заба. Потребата да се обиде со што помалку збора да се бидне поефективен доведуваат до тоа да се има одредени резови во поглед на нарацијата и во поглед на ликовите кои што изгледаат како ликови од натуралистичките слики, замаглени недоволно оформени, како да се работи за некои митолошки суштества чии што атрибути се составени не само од физичките својства, не само унакажани во смисла да имаат само едно око, да имаат четири нозе, кај Гогов тие се душевни камикази. На пример во расказот „ Амајлија “ каде што стапалата закачени на вратата, секако овој исказ мора да го прифатите метафорички се амајлијата, не некој камен над кој што со денови и ноќи бдееле враџови и светци, не е некој пердув од тешко уловлива птица. Еве сега може да се забележи колку една метафора во краток расказ кој што не е на ниту половина страна може да се долови осаменоста без никаква вера, без никаква потреба да се предадеме кон духовното, а сепак живи луѓе кои имаат потреба од заштита, имаат потреба да делуваат, да се борат со силите на природата затоа што светот не е еднобоен, како митот, верувањето да е во нас, во нашата потреба да чекориме, да биднеме некаде, да стигнеме некаде, а за тоа воопшто да не сме свесни. Митот и верувањето во заштитничката сила која што во исто време можеме да забележиме дека е двојна. Кога го читаме овој расказ како да читаме за двојството на водата и огнот.

525439_423362754346261_737859542_n

Тие го имаат во себе и полезното и разурнувачкото, а овдека ги имаме стапалата како нешто што е најелементарно, нешто што секој постојано секојдневно го прави оди газејќи, а во ист момент е толку незапазено, на тоа воопшто не посветуваме внимание. Е од тоа прозаистот Ацо Гогов прави амајлија во својот истоимен расказ. Преку овој расказ може да се види колкава длабочина крие прозата ако смеам така да кажам, на овој наш автор и колку различни читања може да има оваа негова книга после неколку години и после неколку смени и промени на вредности, без разлика дали времето ќе се забрза уште толку колку што е денес брзо или ќе успори имаме еден автор кој што внимателно се грижи за тоа што ќе го напише, остави некоја резерва, некое скриено, можеби и за авторот доволно необјасниво место, за кое со текот на годините може да се дојде до некоја друга поголема идеја која што ќе бидне видена од друг автор и да бидне претворена во ремек дело. Овие раскази дозволуваат учество на читателот при читањето и нивно преобликување, нивно постојано преиспитување и надополнување со нас, а истовремено и наше себе преиспитување. Насловот на збирката можеби ќе не наведе да помислиме дека раскажувачот ќе се осврне на поопипливите и по реалистичните начини на пишување, на создавање на едно дело, но напротив тој не се откажува од својот јазик кој што е на некои места поетски и не ретко можеме да се запрашаме дали сме прочитале песна или расказ, или можеби нешто трето на кое што допрва треба да му се открие името. Некои раскази се подложни дури и на поетска анализа затоа што гледано според некои школи во историјата на проучување на книжевноста најважниот дел од една песна е последниот дел, но за тоа постојат стручни термини за кои нема потреба да знаете. Има еден термин кој се користи за прозата, но е пандан на овој од поезијата кои што се разликуваат поради различните предходни постапку за пишување на песна или расказ. Тој термин се вика Очудување. Вообичаено оваа постапка не и е позната на нашата постара публика затоа што нашите постари луѓе коишто ја читаат, а во исто време и сакаат прозата се навикнати да имаат дејство кое тече, мотивираност внатре која што треба да бидне максимално задржана.

547696_2815770251136_1274152087_n

Она што го вели Чехов, дека ако има пушка на сцената до крајот таа мора да пукне, инаку зошто би стоела. Во реалистичните дела секое нешто си има своја причина која што подоцна во десетина траници ќе бидне добро објаснета и читателот нема да има проблем со разбирањето. Особено се битни насловите на пример Злосторство и казна или Војна и мир. А што се случува сега со Гогов по тоа прашање. Имаме еден расказ чие што име е Бајка а немаме внатре во тие неколку реда ни збор за правилата за создавање на една бајка до кои што дури не е дојдено по некој макотрпен процес на осмислување на некоја постапка за пишувње туку луѓето сами поради забава, и поради поривот на човекот да создава целини се доаѓа до една цврста форма бајка кај којашто дури најситните детали какви што се изгореница или прстен се од клучна важност за разрешување, расплетување на дејствието. Кај Гогов тоа го немаме, имаме за почеток наместо си беше еднаш тој и тој, а овдека се почнува со глагол и потоа следува опис на тоа што треба да прават што е бајковит елемент ( односно требаа да ги вечераат стапалата на домаќинот кој што ги ставил на масата и тоа не го прави на обичен начин туку ликот чие што име не е познато што во никој случај нема да се појави во бајка, таму херојот мора добро да бидне опишан, а ликот истовремено тоа го прави со дистанца велејќи дојдовме, но кој да помисли дека требаше да ги вечераме стапалата на домаќинот, дури и времето е сменето очудено. Потоа исто така следува немотивирано дејствие „ повеќето од нас побегнаа“ и сега некој ќе праша зошто побегнале. Нема да добиете одговор. Затоа можеби е подобро овој текст да го читате како песна. Бајките обично почнуваат со пловење, а овдека се завршува со пловење. Ликот на крајот со стапалата запловува. Ова покажува дека расказите на Гогов имаат своја нишка која се врзува за стапалата за нешто најнебитно, а најсуштинско. Можеби неговите раскази треба да се гледаат низ оваа призма понекогаш, а можеби тоа е само мој впечаток кој што не мора да кажува некоја апсолутна вистина за оваа збирка. Поетизацијата кај помалите раскази исто така може да се забележи и кај расказот Зелена приказна каде што имаме зелени предмети, поезијата е склона кон повторувања, а расказот овдека позеленува и добро е и вие ако не позелените после тој расказ. Читајќи ги и анализирајќи ги подолгите раскази забележав дека почнуваат да се опфаќаат и поголеми теми коишто пред се би го издвоил расказот „ Јаболко“ кадешто главниот лик е во судница и треба да одговара за убиство на девојка. Начинот на којшто убиецот го опишува односот помеѓу него и девојката, низ неговата уста добиваме чувство самите ние да го чувствуваме тој пекол на желби и тоа двојство коешто го има и кај Блејк во песната Тигар кадешто колкушто е страшен тигарот толку е и убав. На крајот од расказот ликот вели: Јас љубев чудовиште! Од друга страна го имаме тој Фаустовски елемент кадешто ликот е во иницијација којашто го одвојува од себеси и му носи нови искуства, но убиството е само прекинување на тој сладок кошмар. Можеби пропуштив голем дел од убавите раскази поради тоа што морав да одржам една своја нишка читајќи ја книгата на вештиот прозаист Ацо Гогов. Кога би морал да го одредам местото на неговите раскази можеби би рекол дека во една рака станува збор за фантастичен расказ, иако напоменав дека некои раскази можат да се читаат како песни поради стилот на самиот автор, но мислам дека со тоа ништо не може да се каже, како што не може да се каже ниту за Борхес дека пишува фантастични раскази. Во расказите каде што има алузии на појавување на некое трето лице кое што го прави она за што ние не сме свесни како што станува збор во расказот Кој си, каде што се осврнува на раката која што ја крева храната и ја става во нашата уста и дека јадењето се намалува додека ние мислиме нешто попат, преокупирани сме со некои грижи мислам дека тоа не е тројството туку самото двојство, но не вообичаеното двојство да се појави некој, кој ќе бидне против нас, кој се разликува од нас, од она што сме, за да можеме да го препознаеме, туку она двојство кое што не повторува, двојството кое што не подржува и не е различно од нас, но сепак е оделено од нас и само во одредени ситуации му се доближуваме, а тоа е неодредено.

Збирката раскази Единствен матичен број е напишана вешто, книга на којашто многу автори не само од нашава земја можат да позавидат, но истовремено напишана со многу љубов и свест за другиот, за читателот и сите овие реченици внатре брзаат да се прегрнат со вашите мисли, да другаруваат и да ве запознаат со нив и со вас самите.

 

за zenica.mk: Ѓорѓе Јовановиќ

Comments

comments