Здодевно ви е? Не знаете што да правите со животот? Мислите дека сè е залудно? Ние имаме лек за вас!

пропаганда 1

Очигледно ова беше невкусна пропагандна експозиција од наша страна, меѓутоа кога веќе стигнавте до тука, дозволете да ве избомбардираме со вкусна пропаганда.

Станува збор за „Кумановски Афоризми’’ – „најдобрата страна што The Sun никогаш не ја спомнал, Daily Mail ја пропуштил, а на New York Times не им ни текнало да ја експлицираат.

Пропаганда 2

Еве дел од „мудростите“ што циркулираат низ неа:

КУМАНОВСКИ КЛЕТВЕ

1.                Ега да вадиш личну карту сваку недељу.

2.                Да богда да ти загори ајвар и после да ти снемав тегле.

3.                Да даде господ комшие свак дн да реновирав.

4.                Ега да те тепав док не пукнеш или ти, или чикова папуча.

5.                Да даде господ свако коло да падаш на едну утакмицу.

6.                Ега да ти гу украдев слику од Титу.

7.                Да богда ти гу исечев кабловску док гледаш финале у лигу на шампиони.

8.                 Ега да ти пукне гума на пола пут од Стрновац накуде дома.

9.                Да не га чуеш телефон док ти вртив од Флуор.

Мотото на К.А. гласи: Ако га трошите време некорисно, зашто да не биде и за џабе?

КУМАНОВСКИ АФОРИЗМИ

Благодариме на вниманието и фала.

Пропаганда 3

Бонус: целиот горен текст на кумановски – за да пукнев душмани!

НАЈГОЛЕМА ПРОПАГАНДА У СВЕТ

Досадно ви е, а? Не знаете што да правите сс живот? Мислите дека све е за џабе?

Епа ми имамо лек за вас!

Очигледно дека овој беше неукусна пропагандна експоцизија од нашу страну, меѓутим, кд веќ стигнасмо до туја, допуштите да ве избомбардирамо сс укусну пропаганду.

Муабет е за „Кумановски Афоризми’’ – „Најдобра страна што… ај зае*и овој и дај да пиемо нешто!

КУМАНОВСКИ АФОРИЗМИ

Фала за пажњу и молим лепо!

 

Comments

comments