Anabolicsteroids41
Анаболни стероиди (анаболни-андрогени стероиди или ААС) се лекови кои ги имитираат ефектите на тестостеронот и дихидротестостерон во телото.

Ергогената употреба на анаболните стероди во спортови, трки и боди-билдинг е контроверзна  и се смета за мамење. Тие се внесуваат во организмот на четири начина: орално, интрамускулна инјекција, нанесување директно на кожата и со поткожно инјектирање.

Стероидите кога се земаат во поголеми количини можат да ја превземат улогата на кортизолот – хормон на стрес. Бидејки за време на стресните периоди на телото му е потребна повеќе енергија, хормонот на стрес ги редистрибуира мастите на стомакот и задниот дел на вратот, состојба позната како Кушеов Синдром.

inject

Употреба на стероиди во медицината

Во медицина стероидите најчесто се користат како терапија за стимулирање на раст на коски и зголемување на апетит, предизвикување на пубертет кај машките, и како помошна терапија за рак и СИДА.

Стероидите се користат за третирање на алергии, астма, ревматски артритис итн. Тие делуваат така што можат да ја превземат улогата на хормоните во телото кои го регулираат метаболизмот и имунолошкиот систем и на тој начин го потиснуваат имунолошкиот систем и го намалуваат воспалението во телото.

Стероидите можат да предизвикаат и да се ослободи повеќе шеќер во крвта, што пак доведува до складирање на мастите и задржување на течности во организмот. Нормално е произведувањето стероидни хормони во телото, но кога во телото ги има премногу, личноста почнува да се дуе. Пациентите кои користат стероиди можат да качат 7% или повеќе од нивната тежина. Некои студии покажуваат дека има пациенти кај кои со долготрајна употреба на стероиди тежината се зголемила за повеќе од 12 кг.

Depo-Testosterone 200 mg per ml injection Testosterone cypionate

Долготрајната употреба или преголемите дози можат да има негативни последици за здравјето како на пример: промени во нивото на холестеролот (зголемен LDL и намален HDL), акни, висок крвен притисок, оштетувања на црниот дроб (првенствено со оралните стероиди), штетни промени во структурата на левата преткомора на срцето, но исто така предизвикуваат гинекомастија и атрофија на тестисите.

Во една статија од 2005 година CNS Drugs утврдиле дека одредени психијатриски симптоми како: агресија и насилност, маничност, депресија,  поретко психоза и самоубиство се поврзани со злоупотребата на ААС. Долготрајното дозирање може да доведе до зависност.         

Механизам на дејство

Стероидите, како и другите лекови, дејствуваат така што ги менуваат количините на другите супстанци кои самото тело ги создава. Во случајот на стероиди, се менува количеството на тестостерон. Него го има и кај мажите и кај жените, нормално многу повеќе кај мажите.

Кога стероидите се внесуваат во телото тие предизвикуваат низа процеси. Првиот чекор се нарекува апсорпција и зависи од начинот на внесување на стероидот. Оралните стероиди се внесуваат исто како храната, преку желудникот и тенкото црево. Киселините во желудникот ги разградуваат таблетите и го одделуваат тестостеронот од останатите компоненти. Потоа се носат од тенкото црево до црниот дроб, од каде влегуваат во крвотокот. Стероидите внесени со инјекција директно влегуваат во крвотокот.

Вториот чекор се нарекува дистрибуција и започнува со дејството на стероидите. Овој чекор всушност е движење на стероидите низ телото преку крвотокот. Тестостеронот, како и сите други хормони, претставува хемиски гласник во телото. По дистрибуцијата на стероидите, тие се “закачуваат” на специјални протеини- рецептори на клетките кои иницираат создавање на нови протеини. Овие протеини ја изградуваат мускулната маса и ја даваат силата на телото.  Овој процес се случува спонтано во телото и без употреба на стероиди, но нивното внесување го зголемува количеството на тестостерон и неговиот афинитет  за врзување со рецепторите. Поради оваа зголемена биолошка активност (RNA активност) луѓето кои користат стероиди имаат зголемување на мускулната маса.

Steroid_receptor

шематски приказ на протеинот рецептор на стероиди

how-steroids-workШтом тестостеронот ќе се сврзе со рецепторите започнува процесот на создавање на протеини, но во исто време и уште еден процес со кој телото се ослободува од токсини кои се поврзани со стероиди. Овој метаболизам се одвива во црниот дроб, каде токсините се разградуваат и се подготвени за екскретирање од телото. Колку е поголема дозата на стероиди толку е поголемо и количеството на токсини кои се метаболираат. Детоксикацијата претставува напор за црниот дроб и е еден од најштетитните несакани ефекти при користењето на стероиди.

Откако стероиди ке бидат метаболирани, тие се екскретираат преку урина, пот и издишување, поради што и акните и лошиот здив се присутни кај луѓето кои користат стероиди.

Анаболни и андрогени ефекти

Како што и самото име сугерира, анаболни-андрогени стероиди имаат два различни типа на ефекти: анаболен (го зголемуваат анаболизмот) и андроген (развивање и одржување на мажествени карактеристики). Некои примери за анаболните ефекти на ваквите хормони се зголемена синтеза на протеини, зголемен апетит, зголемен раст на коски, стимулација на коскената срцевина да ги создава црвените крвни клетки. Преку повеќе механизми, анаболните стероиди стимулираат создавање на  мускулни клетки, а со тоа и зголемување на скелетните мускули, што пак води до поголема сила.

Андрогените ефекти се многубројни. Процесите кои се афектирани вклучуваат: пубертетски развој, зголемена секреција на лојните жлезди (себум), сексуалноста (особено во времето на феталниот развој). Примери за ваквите ефекти се : раст на клиторис кај женските и пенис кај машките деца, раст на влакна по телото (срамни влакна, брада, влакна на градите, на екстермитетите), зголемување на гласните жици, задебелување на гласот, зголемено либидо, поттиснување на природните полови хормони и намалена секреција на сперма. Пенисот кај возрасните не расте дури ни кога е изложен на големи дози на андрогени.

Во некои истражувања на мажи било откриено дека телесната тежина се зголемува за 2-5kg после краткотрајна употреба на ААС (помалку од 10 недели) која се препишува на зголемена мускулна маса. Се покажало дека ефектите врз мускулната маса зависат од дозата. Забележани се и мускулна хипертрофија и создавање на нови мускулни влакна.

Горниот дел од телото (трупот, вратот, рамениците и горниот дел од раката) е повеке осетлив на дејството на ААС за разлика од другите делови од телото поради големиот број на андрогени рецептори во тој дел.  Најголемата разлика во должината на мускулните влакна кај луѓе кои користат ААС  и луѓе кои не користат е забележана во мускулните влакна од тип 1 ( vastus lateralis и трапезот) како резултат на долготрајна употреба. По прекинување на употребата, ефектите постепено се повлекуваат, но постојат околу 6-12 недели по престанувањето.

ronnie5cory3

                           

Comments

comments