great_wall_china_photo_gov

 

Меѓу сите гигантски градби на светот, Големиот кинески ѕид е далеку најголем. Во долж изнесува 2.450 километри – тоа отприлика одговара на одалеченоста од Хамбург до Палермо – се простира од брегот на Жолтото море па до внатрешна Азија, од Сучу во Канзи до Шаншаи- куана во заливот Лиау-тунг, кој е висок 16 метри, во подножјето е 8 , а горе 5 метра широк. Двапати Кинескиот ѕид ја сече реката Хуанге. Во Хопех, Пекинг се дели и брани од двете страни. На секои 100 метри се наоѓа, наводно, по една стражарска кула а вкупно имало повеќе од 40.000..

Пресметано е дека ѕидот бил изграден од 300 милиони кубни метри материјал- доволно за да се подигнат 120 Кеопсови пирамиди или да се постават 2 метра висок ѕид околу екваторот.

Кога се гледа од височина големиот Кинески ѕид, изгледа како легнат змеј што се протега низ планини, долини и исчезнува преку хоризонтот. Тој личи на камена змија која бесконечно се извива. Бесмртен митолошки влекач како легендарниот змеј што во Кина остана симбол на кралската моќ на династиите Кин, Хан и Минг.
Планините, реките, езерата и градовите во Кина имаат едноставни и поетски имиња. Со еднаква фантазија Кинезите ги означуваат одделните периоди од нивната историја: периодот меѓу 700 и 476 година п.н.е. го нарекуваат доба на пролет и есен.

B,

 

 

Кинескиот ѕид е еден од светските чуда. Тој е широк 6-7 метри, а висок 4-5 метри.

Се раскажува дека царот Куин Ши Хуанг ди – Ши Хуанг ди значи прв цар, им се заканувал на надзорниците на градилиштето дека ќе им ги одсече главите, ако камењата не се вклопат совршено во ѕидот. Тој е единственото дело на човековите раце во историјата на целата светска цивилизација која може да се види од вселената. Гледан од таму тој е на лик на искривен рбет или бразда втиснат во лицето на планетата Земја.  Историјата на овој ѕид, полна со крв и солзи се враќа наназад, во време од пред 2.600 години. Но по надалеку раширеното мислење, денешниот Голем ѕид се смета дека е помлад. Тој потекнува од петнаесетиот век кога со Кина владеела династија Минг.

Ѕидот служел исклучително за внатрешни потреби. Така се бранела државата Чу, на почетокот на шестиот век пред новата ера, од нападите на северните соседни држави, а во следните векови тој пример го следеле и државтие Чи и Веји. Околу 320 години пред нашата ера, државата Чин го направила истото, а неколку децении подоцна на тој историски модел се приклучиле и Чао и Јен.

Иако царот Куин Ши Хуанг ди бил немилосрден и суров човек , успеал да ја обедини Кина, за прв пат во нејзината историја. Во 221 година п.н.е. тој се прогласил за прв цар на една династија која, според негова замисла, ќе трае (10 000) десет илјади години и затоа го изградил Кинескиот ѕид: да го заштити младото небесно царство од нападите на номадските племиња од север. Ѕидот е толку широк што по него можат да минуваат 5 коњи наредени еден до друг и товарни коли полни со производи.

За негова изградба бил употребуван мешавина од леплива ориз паста и вар. Древниот малтер е специјализиран вид на органска и неорганска мешавина. Органската смеса е амилопектин направена од лепливиот ориз, а неорганската смеса всушност е калциум карбонат вели Жанг Бинџијан, професор по хемија на Универзитетот Хангжу во Источна Кина, додавајќи дека амилопектинот помогнал во креирањето на компактната микроструктура која овозможила Кинескиот ѕид да биде стабилен и да има поголема механичка цврстина.

Comments

comments