Овен- По легендата некаде одамна си живееле брат и сестра Фрикс и Хели, кои живееле со својата злобна маќеа. За да ги спаси Зевс пратил златокрилест овен , на чии рамена побегнале братот и сестрата, а подоцна  овенот го жртвувале во чест на Зевс и неговото крзно го чувал змејот. Многу години подоцна дошол грчкиот јунак Јасон и го зел крзното, Зевс се разбеснил го оживеал овенот и го пратил на небото. Според друга легенда , еден овен му помогнал на Дионис да дојде до изворот на вода во пустината и дека Дионис го претворил во соѕвездие.

Бик-и за настанокот на ова соѕвездие постојат 2 легенди. Првата е за Зевс кој се заљубил во принцезата Европа ,и за да и се приближи се претворил во бел бик. Европа му се приближила, го погалила и на крај го јавнала, а итриот Зевс полетал, а принцезата веќе неможела да слези.Ја однесол на Крит и и го покажал својот лик. Заљубениот пар на островот поминал една година каде Европа родила 3 деца. Бикот станал соѕвездие, а по Европа се нарекол континентот. Другата легенда е слична, само што Зевс ја претворил својата љубовница во крава, само за да не ја најде неговата љубоморна жена Хера.

Близнаци- Приказната на близнаците е повторно сврзана за една љубовна авантура на Зевс. Неговата љубовница Леда, му ги родила близнаците Полукс и Хелена (убавата Хелена заради која се водеше тројанската војна), а исто така и неговата жена родила близнаци, исто брат и сестра Кастор и Клитемнестра. Кастор и Полукс биле неразделни, но Зевс само на Полукс му дал бесмртност. Кастор бил убиен во една тепачка и Полукс долго тагувал за својот брат. Гледајќи ја неговата  тага му дозволил еден ден да помине во Олимп , а еден на Хад со својот брат. Но ова не било доволно за двајцата браќа кои сеуште тагувале еден за друг. Зевс трогнат од нивната поврзаност го подигнал соѕвездие Близнаци. И во соѕвездието навистина постојат ѕвезди Кастор и Полукс.

Рак -ракот е чудовиште кое го нападнало грчкиот јунак Херакле. Херакле го убил ракот, а божицата Хера го издигнала на небото. Всушност сите неволји во кои запаѓал Херакле , вклучувајќи го џиновскиот рак, настанале поради омразата на Хера. Инаку Херакле е вонбрачен син  на Зевс.

Лав- Приказната за лавот е слична. Поврзана е за лавот кој убивал луѓе , меѓу кои требало да го убие и Херакле. Ниедно оружје не му можело ништо бидејќи имал тврда кожа, но Херакле го удрил по главата за да зашемети, а потоа го убил. Му ја одрал кожата, која подоцна му помогнала за други подвизи,  а Хера бесна бидејќи Херакле се извлекол го издигнала лавот како соѕвездие.

90

Девица- По некои легенди , девицата е всушност божицата Деметра. По други тоа е ќерката на Титан, Астерија .Астерија во големата битка во која војувале титаните и боговите, се борела на страна на Зевс, овој бог ја издигнал во соѕвездие во знак на благодарност. За настанувањето на овој знак се врзува и легендата за Икариевата ќерка Еригони.  Нејзиниот татко бил винар, па едно јако вино им понудил на некои странци. Странците брзо се напиле и почнале да гледаат дупло. Од страв да не ги маѓепсал Икар, го убиле и го поглебале под едно дрво, а неговата ќерка од тага се обесила на тоа исто дрво.

Вага- Зевс со божицата на правдата имал три ќерки меѓу кои и Нака, која на  земјата дошла со заврзани очи, држејќи во едната рака меч, а во другата вага  со која се мерела тежината на казната за неправдата. Вагата е издигната на небото како соѕвездие и по легената сите праведни би требало да ја видат.

Шкорпија- Приказната за шкорпијата не води до убавиот ловец Орион, кој ја обљубил божицата Еоја (што во превод значи зора). Поради срам Зора секое утро црвенеела. Тоа го разбеснило Аполон, кој  пуштил огромна шкорпија. Гледајќи дека неможе да ја убие, Орион скокнал во водата со надеж дека ќе исплива, но Аполон ја навел својата сестра Артемида, божица на ловот да мисли дека тој е некој кој сака да ја повреди. Бесна, Артемида го усмртила со стрела. Но кога видела дека тој е Орион, таа многу се растажила, бидејќи го сакал тој ловец, и бидејќи неможела да го оживее му го подигнала соѕвездието Орион. Одма после тоа е подигнато е соѕвездието шкорпија за до ден денес го гони Орион.

Стрелец-За да може да кажеме за овој знак мора да се потсетиме на една друга приказна. Богот Прометеј кој многу го сакал човештвото, го украл огнот од боговите и му го дал на луѓето. Зевс се налутил , го врзал за едно дрво и довел орел за секојдневно да му го клука стомакот. Прометеј можел да биде ослободен само ако некој доброволно го замени. Неколку години подоцна, Хирон , кентаур случајно се  погодил во ногата со отровна стрела, но бидејќи бил бесмртен не можел да умре, па живеел во мака. Заедно со Херале го пронашле Прометеј и одлучил да го замени.  Зевс воодушебен од овој племенит чин го ослободил Хирон и му го подигнал соѕвездието Стрелец, заедно што тој бил ловец, тс стрелец.

 Јарец- И за јарецот постојат 2 легенди. Првата е врзана за раѓањето на Зевс. Плашејќи се дека некое од децата ќе му ја зеде власта, Кронос ги јадел своите деца веднаш по раѓањето. Затоа Реа, неговата жена по раѓањето го сокрила Зевс во штала кадешто го одгледала коза. Кога пораснал Зевс му ја зел власта на својот татко и го подигнал соѕвездието јарец. Другата легенда е поврзана за богот Пана кој бегајќи од борбата меѓу титаните и боговите се претворил пола јарец, пола риба. За да се овековечи овој момент, Зевс го создал соѕвездието Јарец , за да денес во некои хороскопски знаци, знакот јарец да е претставен со долен дел на риба.

Водолија-по една легенда водолија е убавиот Ганимед, кој Зевс го зел да им точи вино на боговите во Олимп. Другата легенда е врзана за големата поплава  со која Зевс ги казнил луѓето за се што негодувале, но го обновил човечкиот род и го создал соѕвездието Водолија за да луѓето се присетуваат на тој настан. Приказната е слична на потопот на Ное , во библијата.

Риби- По една легенда Афродита бегајќи од големата битка со титаните, се претворила во риба за да се скрие, или скокнала со својот син Купидон во водата па ги спасиле две риби, кои од благодарност ги направила соѕвездие. Според другата легенда многу одамна се сакале Галатеја и Акид. Но во Галатеја се заљубил злобниот киклоп, кој и бил лут заради невозвратената љубов и на заљубениот пар им пуштил коњи за да ги изгазат. Галатеја и Акид скокнале во морето каде се спасиле и се претвориле во риби. Гледајќи колку е силна нивната љубов, боговите ги претвориле во соѕвездие за да се присетуваат колкава моќ има љубовта.

Comments

comments