Бразилското Џиу Џицу е една од најефективните боречки вештини на денешницата, а за ова сведочат бројните победи на познатите ММА шампиони од калибарот на Андерсон Силва, Ренди Кутуре, Чаен Сонен, Демиан Маиа, Фабрицио Вердум, Џон Олав Еинемо, БЈ Пен, Ник Диаз, Нејт Диаз, Џејсон Милер, Коди МекКензи…

Бразилското Џиу Џицу како фул контакт вештина за на земја е изведена од Кодокан Џудото, при што се заснова на верувањето дека помалите противници би можеле да ги победат поголемите и посилни на земја, и тоа преку заробување на одредени зглобови на екстремитетите или пак, ускратување на можноста за дишење преку доволно силно и долго држење за врат.

BJJ

За основачи на БЏЏ се сметаат Луиз Франса, Освалдо Фада, Карлос и Хелио Грасие.

Последниве двајца учеле џудо кај познатиот учител Мицујо Маеда, за да понатаму ја пренесат новосоздадената вештина на членовите од своето семејство.

БЏЏ не претставува единствено боречка вештина; тоа е начин на вежбање и изградба на една личност.

Нивото на познавање на БЏЏ за возрасни се одразува преку следниве бои на појаси: бел, син, розев, кафеав, црн (3 нивоа).

belts2

Искуството покажало дека за достигање црн пројас во Бразилско Џиу Џицу е потребно константно напорно тренирање во времетраење од најмалку 8 години.

Како и во сите боречки спортови, во БЏЏ постојат повеќе ризици за телесно повредување, но за разлика од нив, овде честа појава се и кожните заболувања и инфекции (кога се тренира во недоволно хигиенски услови, што е релативно чест случај) и истегнувања на ушите.

Во видеото подолу се дадени неколку најосновни БЏЏ техники за совладување на противникот во дефанзивна и офанзивна почетна состојба, соодветно.

Comments

comments