Денес на Зеница друштво ќе ни прави Димитар Ѓорѓиев, познат како „златното момче“ од Неготино кој со само 20 години е веќе двократен светски шампион (2011 и 2013) на WAKO (Светска Асоцијација на Кикбокс Организации) во кикбокс во категоријата kick light до 71 и 74 килограми, соодветно.

Ако сакате да ги следите неговите остварувања, ви препорачуваме да му станете фанови на Фејсбук со клик на следнава страна.

995981_10200378653883988_266780447_n

Здраво Димитар Smile Колку часови минуваш неделно во тренирање и од каде ја црпиш силата?

- Зависи од големината на турнирот. Пред големите турнири како Светско првенство кое се одржува еднаш во две години тренирам во просек од 4 до 4 и пол часа секоj ден освен во недела. 

Самото тоа што имам шанса да ја претставувам нашата земја на ваков турнир ми дава многу сила и мотивација. Но главниот извор на сила ми се најблиските кои ми ја даваат пред секој турнир.

Кога почна да се занимаваш со кикбокс?

 - На 14-годишна возраст почнав да тренирам, а од мои 16 години почнав да се натпреварувам.

Dimitar-Gjorgjiev

Кикбоксери кои те инспирирале?

- Омилен борец ми е Gokhan Saki.

Како би го опишал чувството после секоја борба, после секоја победа?

- Полн со самодоверба, среќен и конечно спокоен се дел од чувствата кои минуваат во тој момент.

Би се занимавал ли некогаш и со некоја друга боречка вештина (и зошто)?

 - ММА ми е сон па се надевам во иднина ке стапам во октагонот Smile

Зошто сметаш дека на кикбоксот и на боречките вештини (во Македонија и општо) генерално не им се оддава онолку внимание колку што добиваат фудбалот и кошарката?

 - Нашите турнири во Македонија се одржуваат еднаш месечно и тогаш имаат голема посетеност, но екипните спортови имаат утакмици секој ден и затоа не може да се споредуваат меѓусебно.

Кои се твоите планови во блиска и далечна иднина?

- Ви блиска иднина ќе настапувам на меѓународни купови, додека главна цел ми е Европското првенство кое ќе се одржи во септеври во Словенија – прв дел и октомври Шпанија – втор дел.

Dimitar-Gjorgiev01-Custom

Што би им препорачал на сите кои се занимаваат со кикбокс или би сакале да станат професионални кикбоксери?

Оние што се занимаваат веќе знаат дека е еден совршен спорт, а тие што сакаат професионално да се занимаваат нека ги труплираат тренинзите пред да почнат натпреварите Smile

Ти благодарам што го прифати ова интервју и ти посакувам уште безброј успеси и признанија. Smile

Comments

comments