Техниката хеклање (фр. crochet) која во 21-от век го доживува своето повторно раѓање, според некои теории се појавила во Иран, Кина или Јужна Америка, а во Европа станала популарна во 18 век. За нејзиното распространување особено влијаела Големата Глад кон крајот на следниот век во Ирска, кога католичките свештенички масовно ги учеле домаќинките и децата да ја користат истата.

Најпознати типови хеклање се туниско хеклање, ирско хеклање, таписериско хеклање, метларско хеклање, филет хеклање и хеклање со шноли.

IMG10180

Голем број џемперчиња, ракавици, шалови, нараквици, украсни ланчиња, новчаници, телефонски футроли но и најразлични други дводимензионални облици како срциња и животни се само мал дел од дијапазонот хеклани орнаменти кои со задоволство ви ги претставуваме во галеријата подолу.

Нивната креаторка, Грета П. од Скопје, вели дека техниката ја научила самостојно, стекнувајќи доволно искуство за да умее да го насочи својот уникатен талент кон изработка на овие орнаменти по нарачка.

Во таа насока, на Зеница ви ја нудиме ексклузивната можност да си нарачате орнаменти преку контакт на мејлот [email protected] или ВИП бројот 078 444 182.

Уживајте Smile

Ви се допаѓаат? Ние веќе си нарачавме… Smile

Comments

comments