Стив Харви  е водител на позната Утринска програма на Стив Харви и автор на книгата

,, Однесувајте се како дама, размислувајте како маж,,  објавена во март 2009 година.

hitportal-steve-harvey2-1024x666

Во оваа книга жените можат да разберат што навистина мажите мислат за љубовта, љубовните врски, посветеноста и обврските и увид на машкиот начин на размислување.

Во продолжение ќе ви приложиме неколку поинтересни кратки прашања и одговори од Стив Харви што жените отсекогаш сакале да ги знаат:

1324398812

 

ШТО Е ТОА ШТО МАЖИТЕ ГО СМЕТААТ ЗА СЕКСИПИЛНО?

С:Х.: Машките сфаќања за естетиката се разликуваат. И затоа она што му е одбивно на еден маж, за друг може да биде неверојатно привлечно. Меѓутоа, бидете сигурни, без оглед на недостатоците што ги откривате додека се огледувате во огледало, некаде под небесниот свод се наоѓа некој за кого ,,вие сте привлечни,, – некој што ќе го привлекувате токму онаква каква што сте. Жена со самодоверба е неверојатно привлечна жена, без оглед на нејзиниот физички изглед. Мажите се исклучително визуелни типови, затоа без сомневање секој маж ќе ја забележи женската облека, начинот на одење, шминката, стапалата, рацете, нејзината дотераност – ние забележуваме сè.

 

ДАЛИ МАЖИТЕ САКААТ ПОВЕЌЕ ТЕНКИ ИЛИ ДЕБЕЛИ ЖЕНИ?

С.Х.: Мажите сакаат секакви жени. Секој тип на жена ќе му се допадне на некој маж. Некои мажи сакаат крупни жени, некои само ситни, нежни жени, а некои ги сакаат оние помеѓу тие два вида. Секој тип жена одговара некому. Не е важно какви сте вие, зашто сигурно некаде се наоѓа маж за вас.

 

ШТО МИСЛАТ МАЖИТЕ ЗА ТОА КОГА НИВНИТЕ ЖЕНИ ЌЕ СЕ ЗДЕБЕЛАТ ИЛИ ИЗГЛЕДААТ ПОИНАКУ ОДОШТО НА ПОЧЕТОКОТ НА ВРСКАТА?

С:Х.: Маж кој ве сака искрено ќе ве сака без оглед на сè. Бидејќи и ние ,,пуштаме,, стомак и добиваме вишок килограми, секако сфаќаме дека и вам тоа ви се случува. Нам ни е јасно дека нема секогаш да изгледате така како во времето кога сме ве запознале. Ако сте во можност сето тоа да го задржите во разумни граници – здебелете се пет килограми, а не педесет – останете и понатаму секси и бидете вешти да се дотерувате со која било тежина што ќе ја добиете или изгубите, тогаш ние ќе бидеме задоволни. Ако еден маж е површен, тој нема да види ништо подалеку од тоа. Но, ако сфаќа дека вие и покрај вишокот од неколку килограми и понатаму се трудите да останете физички привлечни, тоа нема да му пречи.

 

ДАЛИ ЖЕНА ТРЕБА ДА МУ КУПУВА ПОДАРОЦИ НА МАЖ ДОДЕКА СЕ ЗАБАВУВААТ?

С.Х.: Единствено ако сте во сериозна врска. Инаку, тој ќе помисли:

а) дека се обидувате да го ,,уловите,,

б) дека очекувате нешто за возврат.

Вие само чекајте и ќе видите што ќе стави тој на масата – оставете го да биде маж и да ве разгали. Вистинскиот маж ќе го прави тоа со задоволство за жената што му се допаѓа. Забелешка: Бидете благодарни за подарокот што ви го дава, но не сфаќајте го тоа како сигурен знак дека веќе следната недела ќе добиете прстен. Подарокот е само подарок. Не е навестување на иднината. Единствено неговото однесување – неговото објавување, заштита и обезбедување што ви го нуди – претставува показател за неговите чувства спрема вас.

 

ШТО МИСЛАТ МАЖИТЕ ЗА ЖЕНИ КОИ ИМ БАРААТ ПАРИ?

С.Х.: Не правете го тоа во почетокот на врската, освен ако воопшто не ви пречи да ја понесете титулата спонзорџика. Но, ако сте во врска – цврста врска – а се наоѓате во финансиска криза, само спомнете го тоа и чекајте ја неговата реакција. Кажете: ,,Навистина се наоѓам во неволја и многу ми е непријатно да ти кажам, но ми треба твојата помош. Дали би можел да ми позајмиш сто долари за да го исплатам тоа? Ќе ти ги вратам веднаш штом ќе можам,, . Повеќето мажи на кои жената навистина им значи ќе и’ дадат пари, ако имаат.

 

ДАЛИ Е ДОБРО ДА СЕ НАПРАВИ МАЖОТ ЉУБОМОРЕН ЗА ДА ЗНАЕ ДЕКА МОЖЕТЕ ДА ИМАТЕ ДРУГ МАЖ САМО АКО ПОСАКАТЕ?

С.Х.: Нема потреба да ни го правите тоа  бидејќи ни е јасно. Сосема ни е јасно дека жената може да нè напушти во секој момент. Но, ако упорно нè правите љубоморни, играте опасна игра. Тоа кај мажите речиси секогаш предизвикува рефлекс; ќе падне во искушение да помисли: ,,Па добро – и јас можам така!,, Ако сметате дека не ви обрнува внимание, ќе биде потребно да го проучите поглавјето ,,Мажите почитуваат критериуми – воведете ги,, .

 

ДАЛИ НА МАЖИТЕ ИМ ПРЕЧИ АКО ЖЕНАТА ИМА ПРИЈАТЕЛИ -МАЖИ?

С.Х.: Ако сте во сериозна врска, топло ви препорачувам прикажувањето со машки пријатели да го сведете на најмала можна мера. Тргнете ги заедничките слики од факултет, не дозволувајте му да наминува кај вас или да ви испраќа подароци и сл. Доколку тоа секојдневно се повторува, едноставно кажано – вие си го барате ѓаволот. Размислете: не е важно дали нејзината слика можете да ја видите само во темница под невидливо сино светло; ако вашето момче чува слика од друга девојка меѓу своите лични нешта ќе се избезумите. Дали би ви се допаднало кога некоја негова пријателка би наминувала кај вас  да поразговара со него? Или да прима цвеќе од неа? Ви предлагам да избегнувате сè што кај вашето момче (маж) би можело да предизвика непријатни мисли за вас со некој друг. Токму така. Држете се заедно и не пуштајте никого да застане меѓу вас, особено не машки ,,пријатели,,. Ќе ви биде мило поради тоа.

 

ДАЛИ МАЖИТЕ РАЗГОВАРААТ ЗА СВОИТЕ ЖЕНИ СО ДРУГИ МАЖИ?

С.Х.: Не, доколку таа е вистинската. Жените и партнерките се забранета тема во машките разговори, бидејќи ниту еден маж воопшто не сака да размислувате за неговата жена, а комо ли во романтичен или сексуален контекст. На секој маж му е јасно тоа. Меѓутоа ако не сте онаа вистинската, туку само некоја со која се забавуваме додека сме во потрага по онаа вистинската – бидете сигурни дека ќе зборува за вас.

Comments

comments