Еднаш, во едно чудно време, “животот” ми свиреше а јас играв по негов… или мој такт. Две напред три назад. Денес ја сменив кореографијата, три напред две назад. Некогаш тапкав и препишував се на времето,на животот, на што и да е, што ми заличуваше на добро алиби. Денес, кога се влечам, кога се тегавам, кога трчам. По мој избор.

Времето на “тапкање” ме научи дека во животот многу пати ќе се обидуваш да направиш нешто, и на почетокот ќе ти личи невозможно. Ќе ти се чини како сите земјени и небесни сили да се здружиле против тебе, твоите цели и сништа .На уво ти врескаат дека неможиш, а во лице ти ги плескаат сите очајно неуспешни обиди. Тогаш колабираш, се сомневаш во се а пред се во себе. Гледаш или кал, или жив песок, исто ти е. И ако доволно си трпелив, инатлив или “будала” и покрај се да стануваш на нозе, да го тресеш ѓубрето од себе и пак, и пак, и пак да се обидуваш, најверојатно ќе ти дојде и времето за “проодување” .

Здогледувањето на светлото од крајот на тунелот е добра метафора, некогаш чиста вистина, а скоро секогаш тешко исполнета од себе зададена задача. Светлина не се гледа ако очите ти се ширум затворени, рацете пикнати в џеб, а умот блокиран со железна завеса.

ТОЧНО многу пати не пливаме во водите што ги сакаме, ама тоа не значи дека неможеме да го промениме и правецот.

Се е добро, се додека веруваме во сопствените идеали, безразлика што другите мислат за нив. Тоа што за мене е правилно, не мора да биде и за тебе. Тоа што е за тебе правилно немора да биде и за мене. Уште еден во толпата не е добра идеја, никогаш не ни било. Разноликоста го прави светот побогат, а тебе своја, единствена индивидуа!

Comments

comments