Ве известуваме дека во периодот од  01.10.2014 до 31.10.2014 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ги сака спомениците (анг. Wiki Loves Monuments; WLM). 

лого на натпреварот

Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од објектите прогласени за културно наследство на Македонија.

По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар придонесувач. Одлуката за тоа кои од учесниците во двете категории ќе бидат наградени, ќе биде донесена од страна на четиричлено стручно жири. Фотографиите што учествуваат во изборот за најдобра фотографија треба да исполнуваат одредени квалитативни барања како: резолуција, квалитет на бои, острина, перспектива, баланс и др. Петте најдобри фотографии ќе бидат наградени со следниве парични награди:

1. Прво место – 300 евра

2. Второ место 200 евра

3. Трето, четврто и петто место – 100 евра.

 

Во категоријата за најдобар придонесувач ќе биде вреднуван трудот на учесниците преку следниве критериуми: вкупен број на подигнати фотографии и вкупен број на опфатени објекти и предмети. Најдобрите пет придонесувачи ќе добијат парична награда од 100 евра.

 

Деталните информации за натпреварот се објавени на следните врски:

http://wikilovesmonuments.mk/

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8_%D0%B3%D0%B8_%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5_2014/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0

https://www.facebook.com/wikilovesculturalheritage

Comments

comments