Иако мислиме дека сме само една личност во нас постојат многу типови на личности. Ние ја будиме во нас онаа личност која е актуелна во тој момент, може да не понесе еуфоријата и успехот на еден поет, може да преовладува родителската грижа или пак антузијастот , планинарот кој сака предизвици и голем адреналин, или пак докторот кој води грижа за сите и дели imagesсовети. Сепак заспаниот дел од нас е заспан само ако ние го оставиме заспан, Кога ја будиме личноста која ја сакаме да преовладува, тогаш сме тоа останатите личности спијат длабоко во нас. Ако посетуваме јога или медитација, ние сме јогисти, ако сме желни за веселби или радости ние сме тоа. Значи ни еден од нас не е само една личност, во нас постојат илјада ликови чии улоги гииграме зависно од тоа што сакаме да бидеме. Управувањето со ликовите е САМО НАШ ИЗБОР! Бидејќи животот е театар и неограничена игра која слободно можеме да ја играме без ограничување, доколку некој однадвор не ни ја заузда слободата на развој. Со текот на живеењето развиваме безброј типови на личности еволуирајќи до тој степен каде ние најдобро се чувствуваме. Нашата определба е само наша, но не смее да се претера иisceznati-deca да се развие деструктивна личност која побудува насилства и негатива, тоа мораме сами да го контролираме. Да се биде добар сопружмик и родител, добар службеник или пак интелигентен кувар, да се биде уметник и да се биде управител во претприемништво, сето тоа е наш избор. Многумина од малдите тешко се одлучуваат што да станат во животот незнаејќи ја филозофијата и длабоката псохологија дека постојат повеќе типови на личности. – конвенционални, социјални, уметнички, претприемачки, лидерски и др, кои пак се згнездени во нас и чекаат да се пронајде кој е тој дел од нас кој ние треба да го развиваме. Препознавањето на себе и самоспознанието доаѓа со еволуција на личноста во повозрасни години, оттаму е збунет младиот човек која треба да направи избор за свој личен развој и вложување во себе. Само храброста е таа која ќе ни помогне да го поттикнеме подобриот во НАС!

За зеница.мк Радојка Трајанова

Comments

comments