Најпрвин открите ни нешто од вашата биографија за читателите за zenica.mk?

1376517_670349589651688_2002747380_nСе викам Наташа Алексовска.
Родена сум на 14.10.1978 год.во Куманово каде имам завршено О.У. Браќа Миладиновци и С.О.У. Перо Наков.
Иако не работам никаде, моја најголема желба е да најдам работа, и не се предавам, ќе ја барам додека сум жива, бидејќи сум сигурна и верувам во себе дека кога – тогаш ќе најдам работа за мене, а за која имам посветено и песна во мојата прва стихозбирка.

Пред два дена излезе од печат твојата прва поетска книга „Посилна од судбината“ ја очекуваше со големо нетрпение, какви се импресите и впечатоците, денес кога ја држиш во рака?

Хм, немам коментар тоа чувство не се опишува со зборови и треба секој човек да го доживее на свој начин кога срцето ти трепери од радост и среќа, а ти самиот не можеш од возбуда ниту збор да кажеш, кога својата книга ќе ја земеш во своите раце, мислам дека сеуште е само сон, не ми се верува дека ја држам во моите раце мојата книга, таа возбуда и тоа прекрасно, неверојатно чувство треба да се доживее за кое ќе се зборува се додека сме живи, раскажува и прераскажува со години и години.

Зошто „Посилна од судбината“, ипресивен наслов за поетска книга?

Бидејќи искрено и реално, мислам дека сум посилна од судбината, затоа што мислам дека човекот и покрај сите препреки во животот треба да биде и остане посилен од судбината, да верува во самиот себе и никогаш да не се предава.
Впрочем доволно кажува и сликата на насловната страна на мојата книга, каде има претставено девојка која стои и држи во своите раце книга, тоа всушност сум Јас и до мене стои чадорот, и покрај ветерот што ме носи на 300 страни, во овој случај ветерот е мојата судбина, сепак цврсто стојам на земја и храбро чекорам, затоа и чадорот од ветерот е искривен и превртен на неколку страни.

Секоја твоја песна е полна со емоции, дали поголем дел од творбите во оваа книга се автобиогравски?10294295_591535680946774_6928736339613936491_n

-Хм, па може да се каже и дека се, а песните се разбира дека се полни со емоции, бидејќи се напишани од дното на моето срце и душа, преполно со емоции.
Впрочем мислам дека секој човек што пишува, пишува за својот живот, за своите маки, се што го сочинува и што се нарекува живот, за сите успеси и падови, бидејќи се е тоа каков – таков живот, кој мора додека сме живи да одиме по неговата патека, па колку и да е тешка и претешка за нас самите, трнлива и со многу боцки, сепак со многу труд, мака ако треба и потт мора да го изодиме како знаеме и умееме најубаво ние самите.

Наташа дали пишуваш само поезија или некој друг вид на литература?

Јас уште од мали нозе,кога бев на распуст од 7 или 8 одд. не се сеќавам баш најдобро пишував проза.
А за моето пишување поезија, најголем виновник ако може така да се каже, но во позитивна смисла на зборот е мојата драга пријателка Милица Паулус.
И така една Мајска вечер минатата година допишувајќи се со неа, таа ме праша работиш ли некаде, каде, што, како јас и кажав дека не работам, но барам работа, тогаш таа ми кажа и предложи јас сум главен администратор во две мои групи за поезија и проза ,сега и тебе ќе те ставам и ќе бидеш член на моите групи, а ти почни да пишуваш поезија.
Уште тогаш и кажав на Милица, јас поезија никогаш во животот не сум пишувала, и не знам дали ќе можам да пишувам, таа ми вели пробај и ќе видиш, баш таа вечер ме стави на размислување.
И така си велам ајде да пробам, и пробав за неполни 2 месеци напишав околу 100 песни, кои денеска се објавени во мојата прва стихозбирка.

Кој македонски писател или поет вие е омлен?

Македонски писател хм, па и немам некој посебно, иако секој писател е препознатлив по својот стил и начин на пишување, но еве ако треба да набројам од македонски писатели би го издвоила Петре.М. Андреевсски, а инаку мене омилен писател ми е Пауло Коељо.

Твоја љубов е и кулинарството, сакаш да експирементираш во кујната да создаваш твои рецпти и истите да ги споделуваш со другите. Од каде се роди оваа љубов кон кулинарството, како би го опишала времето поминато во кујната создавајки нешто ново?

Прекрасно е кога правиш и создаваш со љубов и од љубов прекрасни јадења.
Јас уште од мали нозе, покрај мајка ми се учев во приготвување јадења, што денеска не ми претставува никаква тешкотија и проблем, туку со задоволство приготвувам.
Инаку досега имам добиено 2 награди од областа на кулинарството:
1. Во 2013 година добив пакет производи од А.Д.БЛАГОЈ ЃОРЕВ – Велес за највеќе испратени мои посни јадења и Втората награда ја добив минатата година во Октомври добив награда од Виталиа за највеќе испратени јадења за месец Септември.
Овие награди се моттив плус за мене да продолжам да истражувам и приготвувам секкави јадења, најмалку е важно дали се солени или благи јадења.

Ќе ни откриеш ли за твоите соништа кои ги сонуваш секојдневно со отворени очи?

10696309_884059321614046_2583890695989742460_nЕх, тој свет е необјаснив и чуден, бидејќи мозокот работи и кога ние мислиме дека не работи, т.е. кога мислиме дека го одмораме, напротив тогаш ни паѓаат на ум секакви идеи, сонуваш за тоа што сакаш еден ден да бидеш, за твоите неостварени, а толку посакувани желби, за тоа што сакаме, а не можеме да го оствариме, бидејќи секој човек знае како најубаво да живее, но прашање е дали може, а не дали сака, тука има голема разлика.
И секако сонот нас не треба да не напушти во никој случај и тогаш кога мислиме дека светот пропаднал, затоа секогаш треба да сонуваме не е важно дали со отворени или затворени очи, за да мозокот ни биде активен, да не ни застари како некоја стара машина и тогаш да треба да оди на ремонт и поправки, затоа секогаш треба да живееме и сонуваме за нашите сонови, кои може еден ден да бидат и реалност, а не само да остане на сонови.

Кое е твоето животно мото?

Моето животно мото е – да останеме и бидеме тоа што сме пред се луѓе, да го задржиме човечкото во нас, никогаш да не губиме верба и надеж во нас самите, колку и да е тежок патот кој мора да го одиме и изодиме додека сме живи и најважно е да си помагаме меѓу себе, а никако да повредуваме.

Што можеме да очекуваме ново на книжевно поле од тебе во иднина?

Ех, тоа нека биде мало изненадување, но секако ќе биде од полето на поезија или проза, трето нема кај мене, а кога и како оставаме времето да покаже.
За крај дозволете ми на Вас Александар Алексов да Ви заблагодарам за одвоеното време, што дојдовте и бевте мој гостин во мојот дом, барем една желба во мојот живот ми се исполни, да ве запознаам лично Вас – Јас.
Ми беше чест, привилегија и задоволство што Ве запознав.

Ви благодарам за прекрасните зборови и за искреното интервју

Comments

comments