Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ в петок во Sub Club во Струмица, по повод Светскиот ден на поезијата ќе ги организира третите „Роднокрајни поетски средби“.

стр11OK11

Настанот ќе почне во 20 часот.

Во чест на Светскиот ден на поезијата, најпрво ќе биде прочитано поетското слово кое за Македонија годинава ќе го упати поетот Владимир Мартиновски. Во една речиси нова атмосфера, но со желба да постане традиција, годинава втор пат во Струмица ќе се обележи овој ден кој е важен за сите оние кои се занимаваат со книжевност, а посебно и како мапирање на уште едно издание на „Роднокрајните поетски средби“, кои исто така имаат тенденција да станат препознатлив настан на кој ќе се промовираат автори од Струмица и пошироко.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите. Доближување на нивното творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.

учеснициРПС3

Поети учесници кои ќе настапат се: Елизабета Колева, Габриела Петрушева, Нада Костадинова, Јане Киров, Петранка Костадинова, Диме Данов, Марија Јовеска, Даниела Митева, Ален Нанов, Анче Пешева, Виктор Христов, Никола Сарајлија, Билјана Горгиева Зринк, Иван Котев, Тања Грошева Попов, Ѓорги Калајџиев Марија, Сузана Мицева и Митко Гогов, додека специјален гостин ќе биде Евгенија Станкоска.

Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои, можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен, затоа и овој пат „Роднокрајните поестки средби“ ќе направат нов резерват во кој ќе го заштитат овој заштитен и редок вид на изразување, со што ќе помогнат во успешното зачувување и пренесување на идните генерации.

Comments

comments