Замирисува зрелоста во

ноздрите.

 

 

Денес сосема потребни

воздишки

подригнува крвта.

waking_up_by_allad8-d495bwc

 

Жед, кај и да се свртам.

Со првата голтка вода

го плакнам шепотот

наместо свежина оган

голтам.

 

 

Нарачано будење на

мислите

од сонот замаен

на усниве

вкус од најсладок јемиш се

бацка во плунка.

 

 

Се тресат спомените,

бев, насекаде,

од висина ги погледнав.

 

 

Насмеана се буди душава

и воздухот забаен од ноќта

околу мене почнува да трча.

Comments

comments