Вторник , Мај 23 2017
Колумни
You are here: Home / banner / Брат, не си ни ти од челик
Брат, не си ни ти од челик

Брат, не си ни ти од челик

Брат, не си ни ти од челик

11753663_886077194793150_4347944627652339228_n

 

Ги знаеш оние луѓе што се стално насмеани? Си напраил ли некад муабет со таква особа? Ќе те слуша со саати. Сите твои маки и проблеми ќе ти ги слушне. И ќе ти се насмевне. Ќе те пипне за рака. Ќе те разбере. Од очи им излегува утеха и благост, со која ти ги мачкаат раните како со мелем. И те лечи тоа бе брат. Те лечи од корен и те праи ко нов. И си идеш после тоа и си викаш – абе ја сум можел да летам?!?!
Е, ама ти текнува после дека нешто забораи… Забораи да ги прашаш како се они. Дали нешто ги мачи. А ги мачи бе брат. Ужасно ги мачи. Све ги мачи. Ама не цвикаат и не се жалат. Ги научил животот да примаат удари, а сепак да останат на нозе. Носат километарски лузни на телото, ама си ја превртуваат кожата наопачки за да не се гледа. И се смеат брат. А би плачеле. Би плачеле и они ама нема нигде рамо за нив. Дека они се рамо. Затоа, кога ќе сретнеш друг пат некој од нив, гушни го бе брат. Гушни го јако и кажи му – “плачи… исплачи се… зашо ќе експлодираш бе брат, па не си ни ти од челик.”

 

Автор: Драган Таневски

https://www.facebook.com/tanevski.dragan

Comments

comments

About Драган Таневски

Се родив како Хомо Сапиенс, за среќа - од човечки родители. Завршив неколку школи... - Нижо Алтруистичко - Средно Бонвиванско - Дипломирав на факултетот по Авантуризам - Магистрирав Имагинација и Фантазија - Докторирав Филантропија неколку пати паѓав на испитите по шовинизам и мизантропија, и тие на крај дигнаа раце од мене. Дури ме прогласија за изгубен случај... Имам постигнато значаен успех и во неколку курсеви: - Одење по облаци - Нуркање во соништа Моите верувања: Верувам дека без солзи, крв и пот нема ни успех. Верувам дека вратите служат за да се отвараат, а не да се затвараат. Верувам дека од сите титули, највредна е титулата - Човек. Верувам дека без разлика на потеклото, постојат само Дами и Господа. Сите други се лузери. Верувам дека женственоста не е во длабочината на деколтето и должината на сукњата. Верувам дека светот ќе биде поубаво место без шовинизам и феминизам. Верувам дека постои само една слобода, а се друго е ропство. Верувам дека многу од нас СЕ многу повеќе отколку што НЕ СЕ. Верувам дека многу врвни уметници не се ни свесни за својата дарба. Верувам дека стравот од неуспех е убиец на ентузијазмот. Верувам дека злото се храни со молчење. Верувам дека на наједноставните прашања најтешко се одговара. Верувам дека проблемите се дечиња, а родители им се Очекувањата и Споредувањата. Верувам дека она што другите го нарекуваат „Виша Сила“ има Име, Чувства и План. Верувам во бесконечност. Верувам во ПРИЧИНА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Connect with Facebook

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better