Големите планови на малите луѓе

Текст на Драган Таневски

babyub-fb

 

Уште неколку месеца… едвај чекам мама да ме гушне. Сигурно е многу убава. Можеби и најубава на свет. Сигурно многу ќе ме сака. и нема да ме кара кога ќе превртам чаша со вода, или кога кога ќе се мрштам дека нема да ми се допаѓа кашичката. Да, мојата мама е најдобра на свет. Ќе ја гушкам силно и често. И секогаш ќе и кажувам колку ја сакам. Знам дека и таа ме сака мене. Чувствувам како ме гали преку нејзиното меше. Има прекрасен глас. Не ја разбирам ништо, ама гласот и личи на ангелски… Да, мојата мама мора да е ангел, или нивни близок роднина. Кога мама се смее, многу ми е убаво, едно поради нејзиното заразно кикотење, ама повеќе заради нишкањето на нејзиното меше кое како да ме скокотка, па и јас се кикотам заедно со неа. Би сакал мама да ме види како се смеам… Сигурно ќе се вљуби во мојата насмевка. Да, јас и мојата мама ќе бидеме најдобри другари. Но не можам да сфатам зошто мама во последно време е често тажна. Не сакам кога плаче. Тогаш и мене ми се плаче. И тажен сум. Ја галам по мешето, ама многу ми е мало рачето и таа сигурно не може да почувствува. Би сакал да ја гушнам силно, кога ќе бидам голем и силен, и да и кажам – Не плачи мамичке, јас секогаш ќе бидам со тебе. Што е ова? Какво е ова железо? Ми се обвиткува околу вратчето. Мамо, мамо, помогни ми! Некое силно светло ме заслепува. Зошто ме вадите? Каде ме носите? Рано е…рано е. Мамичке, кажи им дека ќе бидам умен. Не им давај да ме убијат… Мамо… мамооооо…

Comments

comments