Mерил Стрип, славната добитничка на Оскар за улогата во „Крамер против Крамер“ од 1979-та (има рекорден број номинации за оваа награда, дури 16), со својата филмска кариера која до денес изнесува ни повеќе ни помалку туку 44 години, секако, НЕ Е авторот на мудрите зборови подолу, како што избрзаа, како многу пати досега, без ниту најмала внимателност и прецизност да известат македонските портали.

Наместо тоа, актерката изјавила дека се обидува сопствениот живот да го насочи раководејќи се од оваа филозофија преточена во зборови од страна на Хозе Микард Тексеира, португалски мотивациски говорник, релативно непознат автор на неколку книги за самопомош, чии книги, со исклучок на едно анонимно споменување на Goodreads, е невозможно да се најдат онлајн.

Авторот на оваа „мрчаторска“ статија го контактираше Тексеира онлајн, кој побрза да потврди дека е вистинскиот автор на посочениот цитат.

Содржината, прочитана 18 000 и споделена повеќе од 4 000 пати на „Фејсбук“, веројатно е преземена од подеднакво информативно неодговорните српски портали, особено Kurir.rs, каде што е невозможно а да не ја приметиме целосната визуелна идентичност со статијата објавена на порталот на „Вечер“.

hoze

Во прилог ви го доловуваме и цитатот, преведен:

„Повеќе немам трпение за некои работи во животот! Не затоа што станав арогантна, туку едноставно затоа што дојдов до точка кога веќе не сакам да губам време на работи кои ме прават незадоволна или тажна.

Немам повеќе трпение за цинзам, претеран критицизам или за какви било барања.

Изгубив волја да им удоволам на оние кои не ме ценат, немам љубов за оние кои не ме сакаат и не сакам да им се насмевнам на оние кои не ми се насмевнуваат мене.

Не сакам да потрошам веќе ниту секунда на оние кои ме лажат или се обидуваат да манипулираат со мене. Не сакам веќе да бидам во близина на оние кои се преправаат, кои се нечесни или површни.

meryl-streep

Не толерирам академска ароганција и не прифаќам популарна тривијалност. Мразам конфликти.

Верувам во свет полн со различности и затоа ги избегнувам луѓето со крути и нефлексибилни особини.

Во пријателството не толерирам недостаток на верност и предавство. Не се согласувам со оние кои не знаат да дадат комплимент или да охрабрат. 

Тешко ми е да ги сфатам луѓето кои не сакаат животни. А најмногу од сѐ, немам трпение за оние кои не го заслужуваат моето трпение!“

Comments

comments