Од 31 јули до 2 август 2015 г.  се одржува првиот „СИЕ ВикиКамп“ на Средна и Источна Европа (CEE WikiCamp) во организација на здружението „Споделено знаење“ од Скопје – огранок на Викимедија во Македонија. Учесниците на кампот се победниците од државните натпревари во пишување содржини поврзани со регионот, кои имаат за цел да ја подобрат запознаеноста на младите од истиот со другите земји во овој поширок регион и нивната географија, култура и историја. На овој тридневен настан ќе учествуваат претставници од вкупно 13 земји, гости од ограноците на Викимедија во разни земји како и гости од Македонија. Настанот има меѓународен карактер и на него ќе има сесии како: снимање на зборови од разни јазици, употреба на слики од натпреварите во разни земји, но истиот ќе се осврне и на Македонија: учесниците ќе имаат прилика да го посетат Археолошкиот музеј на Македонија и да појдат на обиколка низ повеќе знаменитости во нашата земја, како Шарена Џамија, Арабати Баба Теќе, Матка, да ги сликаат, и потоа да пишуваат и илустрираат статии за нив на својот мајчин јазик. Настанот секако ќе биде проследен со многу дружење и слободни активности во нашиот главен град.

Comments

comments