Умрел еден човек. Неговото куче од жал легнало до него и умрело и тоа. И така, душата на човекот стоела пред портата со натпис „РАЈ“, а веднаш до него стоела и душата на кучето. На портата пишувало и „Влезот со кучиња е забранет!“ Човекот не влегол во таа порта и поминал покрај неа. Оделе така двете души и дошле до втора порта на која не пишувало ништо, а пред неа седел еден старец.
– Извинете, дедо…
– Петар.
– Што има зад оваа порта?
– Рајот.
– А со кучиња може?
– Се разбира!
– А што имаше во предходната порта со натпис „РАЈ“?
– Тоа е влезот за пеколот. До рајот доаѓаат само оние кои никогаш не ги отфрлаат пријателите.

dog heaven

Comments

comments