Блескотиш вечен

руен ко вино од ноќ;

амбисот ја втерал сета снага в неповрат

ти в резба од небесни слова

си го врежал.

 

Длабочината на ветрот

те гали, понира во својот горешт студ.

Светли мракови те вајаат

од лудите копнежи на еден уметник

кој сонува бескрили славеи

изгубени во сенката на твојата стреа.

свети климент

А дур немо удираат спомени

по барабанот од заби што ја гнетат

изгубената капка ден

ни се присторуваат коски прекрстени ко слово

со боја на ѕидовите

кај се родивме.

 

Учителу,

некои од билките

чии корени полеа со светлина земска

отаде гласов нѐ следат

опрашени од сенки на својата цветна измама.

 

(Од In Nomine - Стефан Марковски)

Comments

comments