Испразни се од грижи.

мисли на оној кој мислата ја создал!

зошто остануваш во затворот

кога вратата е ширум отворена?

испетлај се од јазолот на исплашените мисли

и живеј во тишина.

~ Руми („Заедница на духот“)

 

Задржувањето на внатрешниот мир, не само што е предуслов, туку е и крајна цел на секоја наша задача, која таа и да е. При достигањето на внатрешниот мир, задачите повеќе како да не постојат. Сите планови заоѓаат, како што и сите мисли се претопуваат во искуството да се присуствува.

Секое дејство станува совршено спонтано, без однапред изготвен план.

Откако оваа мисла еднаш ќе успееме вистински да ја разбереме, ќе дознаеме токму од каде да почнеме со промената на сопствениот живот, со промената на светот околу нас.

За да го достигнеме Рајот, не само што смртта е излишна, туку треба да бидеме најживи што можеме. Токму овде и сега.

Убавината на животот не е остварлива без обезбедувањето внатрешна сигурност на која би се втемелиле вистинските животни вредности.

Zen drop falls into the water

Затоа, надворешниот мир и среќата на секоја индивидуа, а одовде, и на светот се импликации од вистинскиот внатрешен мир.

Не постојат единствени, неменливи и униформни филозофии врзани за надворешниот мир и среќата, исто како што не постои потреба, а ниту можност за докажување дека нивното достигање и константно одржување на највисоки нивоа е смислата на човечката цивилизација.

Тие се произлезност од тоа да се биде навистина жив, да се живее во внатрешен мир, хармонија и изобилие, далеку од светот на судењето и мислењето.

Затоа, внатрешниот мир обусловува со стекнувањето способност да се трансцендира, да се премине отаде хеуризмот на мислењето и потребата да се докажува, па дури и од субјективната потреба да се биде во право.

Одржувањето состојба на умот која подразбира внатрешен мир секогаш и во секоја прилика е единственото апсолутно средство за достигање на среќата ens causa sui, причина и цел сама по себе.

Средство со кое вистински располагаат луѓе од нашето секојдневие чиј број може да се изброи на прсти.

Во спротивно, и да се оствари привремена среќа која би и овозможила на личноста во определен период да заборави на проблемите, непостоењето вистински и стабилен внатрешен мир ќе овозможи страдањето на еден или друг начин да се врати, во еден или друг облик, кога и да е.

peace of mind

Среќата е неможна без внатрешниот мир, а тој пак, директно зависи од способноста искрено да се сака и да се настојува да се помогне на останатите, да се простува, да се биде благодарен кон животот апсолутно секој миг, да се биде исполнет со позитивни чувства над кои исто така би се имало контрола, да се научи да се остане доволно бавен и прикладен за да се искуси убавината и на најмалите нешта кои опкружуваат, да се живее во внатрешно изобилие од каде би извирало трајното задоволство.

Да се биде добар и чист пред себеси не значи да се биде среќен, но искрено среќниот е секогаш добар и чист пред себеси.

Зошто?

Внатрешниот мир го држи клучот за одговорот.

Неопходи спонтаност, затоа што внатрешниот мир е израз на врховната спонтаност и природност со која е обдарено човечкото суштество. Секое планирање „да се биде добар“ може единствено да даде почетен импулс на патот дотаму, но затоа пак, да се биде спонтан значи да се има ваков план постојано и во секој нов миг, трансцендирајќи го самото планирање.

Токму заради ова, достигањето на среќата по достигањето на внатрешниот мир преку еден сестран, холистички пристап треба да претставува појдовна точка во процесот на достигање на добрината, односно љубовта, од една, и вистинските задоволства кои ги нуди животот, од друга страна.

Човековата свест е способна за ова, дури и повеќе одошто може да искажеме.

На голем дел од луѓето во ова време им е потребно да минат низ секакви животни перипетии за да сфатат дека во животот апсолутно сè е можно.

Некогаш е неопходно да се искусат одредени состојби за да може да се искажат, иако по нивното искусување често пати и се губи потребата да се искажат и токму заради ова, мнозина секојдневно ги осуетуваат сите наши способности и умеења.

Светот околу нас со постојани барања ја обусловува нашата индивидуална слобода и мир преку својот крут скептицизам и неверување во нашите моќи да се промениме во насоката која ја посакуваме.

cave-01

Единствените кои можат да ја променат оваа тенденција сме ние самите.

Единствено менувајќи се себеси би можеле да ја иницираме промената кон подобро на светот кој не опкружува.

Познатиот американски митолог и антрополог Џозеф Кембел рекол: „Пештерата од која се плашиш го скрива богатството кое го бараш“.

Да посегнеме кон богатството во нас за да го пронајдеме заедничкото.

Да посегнеме кон мирот во нас и да го споделиме со нашите ближни.

Честит 21-ви септември, Меѓународниот ден на мирот.

Comments

comments