Вчера на програмата беа прикажани два докуметарни филмови – „ТАТ – Транзициска еуфорија или национална измама“ и „Власите, од славните Манаки до „Не сум славен“. Документарниот филм „ТАТ – Транзициска еуфорија или национална измама“ во режија на Сашо Миленковски беше прикажан во малата сала на Центарот за култура – Битола во рамките на програмата „Мак поинт“. Филмот пред полната сала го претставија режисерот и продуцентката Офелија Новаковиќ. И двајцата потенцираа дека оваа афера со штедилницата „ТАТ“ којашто се случи во 90-те години остави голема траума во мемориите на оштетените штедачи.
-Не беше  лесно да се слушнат овие сведоштва. За време на снимањето се соочивме со лични, семејни трагедии и наидовме на нови докази – рече Новаковиќ.

manaki_festival_novo_logo_foto_1
Режисерот Миленковски образложи дека многу малку знаел за „ТАТ“ пред да почнат да го снимаат филмот. По обемното истражување дошол до поразителни податоци.
-Од битолската полиција добив писмена изјава дека во периодот после аферата „ТАТ“ се случиле 36 самоубиства. Можам да кажам дека има уште 200-300 посредни жртви. Тоа е граѓанска војна. За жал, „ТАТ“ е сеуште актуелна затоа што живее во мемориите на луѓето како голема траума – рече Миленковски.
Сценаристот Петар Атанасовски истакна дека во филмот ги донеле сите луѓе кои знаат нешто повеќе за „ТАТ“.

IMG_8599

Влашкиот филм во режија на Тома Енаке којшто беше специјално прикажан во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“, надвор од конкуренција. Станува збор за хронолошка низа од почетоците на творењето на браќата Манаки (по потекло Власи) се до првиот филм целосно снимен на аромански (влашки) јазик -  „Не сум славен, но сум Влав“ во режија на Енаке.
-Овој документарен филм е омаж за браќата Манаки и за градот Битола. Истиот претставува пресек на историјата на Власите од нивно време до денес.  Филмот е сниман со независни фондови, со сопствени сили, ја раскажува вистината дека браќата Манаки се Власи и покажува колку тие се важни за влашката историја – истакна Енаке.
Режисерот за заблагодари за можноста за прикажување на филмот на фестивалот и особено ја нагласи соработката со Кинотеката на Македонија.

Comments

comments