Пишува: професионален астролог Снежана Штрковска

На 08 октомври божицата на љубовта Венера, влезе во соѕвездието Девица, и таму ќе остане до 08 ноември. Промена на навиките, или барем некоја од нив, „чистење на умот и телото“, но и на сè околу вас, вклучувајќи ја љубовната врска, се карактеристични за ваквата позиција на Венера, но сепак проверете си каде ви е натално.

*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте – соларен хороскоп.

 

Каде ви е Венера и на што укажува кога ќе се најде во одредена куќа при раѓањето? Ова е дел од наталната астрологија. Ако е чиста позицијата, веројатно речениците сосема ќе важат за вас, но многу често се случува да се модифицирани, односно останатите планети даваат даваат нијансирање на значењето. Имајте на ум дека освен куќата во која се наоѓа Венера, важна е и поставеноста во знак, како и нејзините аспекти со другите планети. Ако знаете во која куќа ви е Венера, прочитајте за себе и за партнерот/ партнерката. Следат описите и за машки и за женски:

Прва куќа:

Оваа позиција носи физичка убавина, елеганција, склоност кон уживање и флерт. Ова се насмеани и заводливи луѓе кои се обожавани од спротивниот пол. Бројни додворувачи има околу нив, и не е чудно да бидат и неверни понекогаш.

Втора куќа:

Добивки преку уметност, мода, храна. Нагласен е боемскиот живот, екстраваганција, трошење на забави. Ова се шармантни и привлечни луѓе, но бираат партнери според интерес и/или пари, статус. Често трошат повеќе отколку што заработуваат.

Трета куќа:

Носи талент за книжевност, пишување, зборување. Најмногу уживаат во неработење и одмор. Имаат пријатни манири, освен ако тоа е негирано од други позиции во наталната карта. Сакаат убав или луксузен автомобил.

Четврта куќа:

Обично носи богати родители, убаво детство и среќа во местото на раѓање. Сакаат семејство, пријатен и убав дом, удобен живот. Домот е полн со уметнички предмети и цвеќиња. Добри домаќини се.

Петта куќа:

Среќен љубовен живот. Љубовта е важен дел од животот на овие луѓе. Шармантни за спротивниот пол, и често се заљубуваат во познати и славни личности. Знаат да направат забава од секоја собиранка.

Шеста куќа:

Пред сè треба да уживаат на работа, инаку им станува здодевно. Професијата и работното место го бираат според забавата што ја нуди. Често додворувачи им се колегите од работа. Сакаат здрава храна, убава облека, а надворешниот изглед на партнерот е она што ги привлекува. Сакаат домашни животни, посебно мачиња.

Седма куќа:

Со оваа позиција животот ќе ве донесе во центар на внимание, па затоа често се среќава кај јавни личности. На овие луѓе им оди од рака партнерството, а за брак бираат убав партнер/ партнерка. Имаат по повеќе шанси за брак, ама затоа што бираат, бракот може да е и задоцнет.

Осма куќа:

Богат брачен партнер, барем поимотен од луѓето родени со оваа позиција. Помош од други, финансиска или не, секогаш им е достапна. Љубоморни се. Често постои некаква опасност за партнерот.

Деветта куќа:

Оптимисти со авантуристички дух, па често животот ги води во странство. Треба да им е лесно со странски јазици. Партнерот е најчесто запознат во странство, или на патување. Не се погодни за класична `дечко/девојка` врска.

Десетта куќа:

Љубов кон моќ и статус. Ова се успешни луѓе, амбициозни, а бираат професија која со задоволство ја обавуваат. Можно е имиџот и кариерата да ги градат со помош на својата убавина и изглед. Брачниот партнер го наоѓаат преку работа, а љубвните врски се чести со колегите.

Единаесетта куќа:

Ова се луѓе кои не се сигурни дали се во пријателска или во љубовна врска со своите партнери. Имаат тајни симпатии, или еден од пријателите е тајно заљубен во нив цел живот. Се дружат со сите, па често успех и напредок во животот остваруваат преку пријателствата.

Дванаесетта куќа:

Знак е за искушенија во врска со љубовта, и може да се појави во две крајности: склоност кон платонска љубов и затвореност во врска со љубовта и сексот, или пак сосема обратно – тајни љубовни афери и често менување на партнери. Во брак влегуваат со особа сретната во странство, или подалеку од местото на раѓање.

Comments

comments