Сакате да дознете нешто повеќе за себе си и за луѓето околу вас? Ве интересира психологија и редовно читате статии на интернет барајќи одговор на разни психолошки прашања?

Секој втор вторник во 12:00 часот на Радио МОФ, Вики и Анита, студентки на психологија, заедно со нивните интересни гости, дискутираат и даваат одговори на голем број интересни психолошки прашања.

психе емисија

Во нивната прва емисија посветена на социјалните мрежи, Анита и Вики ќе се обидат да дадат одговори на следните прашања:
- Зошто користиме социјални мрежи и дали стануваме зависни од нив?
- Зошто споделуваме, коментираме, лајкуваме?
- Какво влијание имаат врз сите нас социјалните мрежи?

Ако и вие се радувате на лајкови, некогаш сте објавиле селфи или најголем дел од времето онлајн го поминувате во скролање низ Facebook и Twitter, ова е емисија за вас. Дознајте колкава количина на допамин ви се лачи кога споделувате објава или твитате, која е палета на потреби кои ви ја задоволува Facebook и многу повеќе околу психологијата позади социјалните мрежи.

Гостинка во нивната прва емисија е Инес Ефремова – уметник, активист и љубител на социјални мрежи.

Очекувајте забавни гости, убава музика и уживајте во едно несекојдневно вторничко попладне.

Comments

comments