Петок , Мај 26 2017
Колумни
You are here: Home / Био / Не постојат алтернативни терапии за ракот
Не постојат алтернативни терапии за ракот

Не постојат алтернативни терапии за ракот

Со повеќе од 100 познати варијации, ракот е една од најразновидните и најчестите смртоносни болести. Според СЗО во 2012-та биле регистрирани 14 милиони нови случаи од кои 8, 2 милиони излегле фатални (14,6 % од сите смртни случаи). Бројот се очекува да порасне за 70% во следните 20 години со што во 2032-ра би имало 22 милиони заболени од рак, колку населението на бивша СФРЈ.

Најголеми ризик-фактори:

 

1. висок степен на телесни масти,

2. слаб внес на зеленчук и овошје,

3. недоволна физичка активност,

4. алкохол и пред се’ –

5. тутун, причинител на ~22% од сите случаи на рак.

Cancer-Cell

Сите горенаведени причини со исклучок на тутунот се сметаат за причинител на околу 10% од сите случаи на рак.

Уште 20% им се припишуваат на инфекции од типот на ХПВ, ХИВ и хепатит Б и Ц, а останати ризик-фактори подразбираат интеракција меѓу ГЕНЕТИКАТА (пред се’, онкогените – гени со потенцијал да предизвикаат рак преку мутирање или изложување на надворешни фактори) и 4 категории агенси:

  1. Физички карциногени – УВ и јонизирачки зраци,
  2. Хемиски карциногени – азбест, супстанци од тутунот, афлатоксин и арсен,
  3. Биолошки карциногени – други инфекции предизвикани од вируси и бактерии, и
  4. Стареење – ризикот за развивање тумори расте пропорционално со годините, што се припишува на се’ понеефикасните механизми за клеточно заздравување и оддржување (зголемувањето на животниот век во западниот свет подразбира зголемување на стапката на заболени од рак).

Истовремено, лекувањето на ракот преку хемотераписки, радиотераписки и хируршки третмани е трилионски бизнис или во превод, постојат (фармацевтски и други) компании на кои НЕ им одговара откривање ефикасно лечење на канцерогените заболувања.

Од друга страна, постојат и големи моќници и богаташи (Стив Џобс, Хуго Чавез, Жаклин Кенеди Оназис, Волт Дизни, Френк Синатра, Џон Вејн, а пред неполни 3 месеци и Вес Крејвен) кои располагале со огромни средства и влијание врз самите (фармацевтски и други) компании, наоѓајќи се во ситуација кога можеле да им го сменат пристапот, односно да најдат ефикасен лек барем за самите себе.

ЗА ЖАЛ, теоријата дека фармацевтските компании се причината заради која немаме ефикасен третман на ракот е дубиозна и паѓа во вода кога ќе видиме кои сѐ историски личности од поновото време не успеале да излезат на крај со оваа болест.

0-cancer

Истовремено, пропонентите на алтернативната медицина пробуваат да нѐ убедат во ефикасноста на разно-разни њуејџерски методи, од хипноза и „моќ на позитивно мислење“, преку акупунктура и хомеопатија, до разни зачини, Алелуја диети и нутритивно Кунг Фу.

Статистиката вели и дека со новите третмани околу 34% од заболените умираат во рок од 5 години, за разлика од порано кога процентот бил околу 90.

За споредба, за алтернативните третмани не постои ниту еден научен труд во кој е утврдено дозирањето со супстанцата декларирана како лек.

Со други зборови, не постои научно верифициран пристап кон лекувањето на ракот кој би бил алтернатива на хемо/радиотерапијата и операцијата и заради ова, алтернативните третмани со текот на годините постојано се актуелизираат и нагло исчезнуваат, неретко поткрепени од медиумската неодговорност, њуејџерско помодарство и ненаучност.

Comments

comments

About Стефан Марковски

Писател и поет, сценарист и драматург. Пишувањето му е леб, читањето - вино. Уживател на филмски и музички класици и истражувач на уметничката (не)ограниченост. [email protected]

Comments are closed.

Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better