Spring grass

Пеперуго

во твоите крила блескоти одблесок

од едното вкрстено со другото!

 

Очи,

тоа вие ја затаивте

вистината на денот бел

меѓу ѕидини што в трепер

го отвораат и кријат цртежот

обоен од поглед.

 

В тмурини ве преградиле

о, порти кон другата вселена во нас!

 

Одот низ тунелите на душата неископан бунар е.

 

Две сенки во провалија се допреле со ѕвездите

што го нацртале скелетот на некој Космос.

Comments

comments