МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП – декември 2015

Пишува: професионален астролог Снежана Штрковска

Полна Месечина –  25 декември; ноќ без Месечина – 11 декември; Сонце влегува во Јарец – 22 декември; Меркур во Јарец – 10 декември; Венера во Скорпија – 05 декември. Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.

*Ако сакате да дознаете повеќе што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте соларен хороскоп.

ОВЕН – Ситуации кои не тргнувале во правецот во кој туркате или врати кои биле затворени од летоска, сега полека ќе се разлабавуваат и ќе се отвораат. Во деновите околу 11 декември е можен судир со некого. Можно е недоразбирање да се појави со љубовниот партнер, и во таков случај вашата тврдоглавост ќе игра голема улога. Голем дел од активностите на работа ќе течат вообичаено, иако е можно да се појави ситуација во која ќе треба да се убедувате со некој од колегите. Некој ќе се обидува да ви го измени начинот на кој работите, па ќе се убедувате. Со парите, ситуацијата е стабилна.

БИК – Вашата планета вадетел, Венера, во текот на декември ќе се најде дури во три соѕвездија, што ве прави и вас активни. Затоа, сигурно е дека овој последен пред завршувањето на годинава ќе е активен месец. Меѓу другото очекувајте и покани за дружби кои не би требало да ги пропуштите. Дружбите ќе бидат забавни, па можно е една таква предновогодишна дружба да биде повесела од самата новогодишна ноќ. Ситуацијата со финансиите ќе биде вообичаена, пари доаѓаат и заминуваат од вашиот џеб, а посебно значаен датум поврзан со финансиите ќе ви биде еден од деновите околу 19 декември. Оние припадници од овој знак кои очекуваат нечија финансиска помош, ќе ја добијат.

БЛИЗНАЦИ – Јавноста, другите луѓе и партнерските односи ќе се во центарот на внимание за вас во текот на месец декември. Ќе започнете нови проекти, дружби и пријателства во текот на овој месец, кои ќе потрајат и ќе ви донесат плодна соработка. Влегувате во нова фаза, и само од вас лично зависи колку ќе искористите од можностите што ќе се појавуваат пред вас.  Доколку финансиите ви зависат од некого, или пак очекувате екстра пари во текот на декември, ќе ги добиете, ако не порано, тогаш во последните денови од оваа година. Љубовниот живот ќе се одвива сталожено, и не би требало да сте сами или осамени.

РАК – Зголемени обврски ве очекуваат во текот на декември, а дел од нив ќе бидат поврзани со домот или со еден од родителите. Ќе се олабавите и повеќе ќе се посветтие на забава дури во последните денови од годинава. Месечината е полна, односно сосема осветлена од зраците на Сонцето, и видлива од површината на Земјата на 25 декември, и ќе се наоѓа во вашиот знак. Ова вообичаено носи осветлување или расветлување на нешто што ве интересира. Во негативна смисла, ќе се откријат работи за вас кои не би сакале да ги знаат другите, но во позитивна смисла, ова се денови на јасни мисли, и јасно согледување на некои ситуации. Во врска со работата и/или претпоставените лица, ќе започне нов позитивен циклус, а она што стоело или не се остварувало од летоска, сега ќе биде без препреки за вас. Зграпчете ги можностите.

ЛАВ – Ќе посакате да уживате во текот на декември, па почесто ќе ве има во јавност, на забави и места за забава. Дел од трошоците ќе ви бидат надоместени на некој начин, ќе бидете почестени, или пак нема да ви бидат побарани пари. Интересно е за вас драги Лавови, што пред крај на годината повторно ќе се фрлите на заработување, ќе имате обврски кои ќе треба да бидат завршени во 2015 година, или пак без да очекувате ќе ве побараат да сработите нешто хонорарно или за плата. Која и да е вашата ситуација, сметајте на дополнителни пари поради ваквите обврски. Во љубовта – без поголеми промени.

ДЕВИЦА  – Јупитер се наоѓа во вашиот знак, и ќе направи неколку значајни аспекти во текот на месец декември. Тоа за вас ќе донесе активности поврзани со роднини, родители, партнер, љубовен или бизнис. Забавата нема да изостанува, па очекувајте да се најдете повеќепати во друштво по дома или излезени надвор со интересни лица со кои ќе се смеете, и ќе трошите пари повеќе од вообичаено. Ќе бидете ведри, и ќе ве обземе предновогодишната еуфорија, и покрај две непријатни ситуации кои може да се случат, во деновите околу 11 и 19 декември. Некој е вљубен во вас, за што ќе чуете во текот на декември.

ВАГА – Ќе бидете полни со енергија, ќе ве има насекаде, а можно е и да спортувате. Овој вишок на енергија за некои од вас ќе значи и дополнителна нервоза, па внимателно во контактите со другите, неланирани да не кажете повеќе отколку што сте планирале. Посебно бидете внимателни во деновите околу 11 декември, кога е можно, иако не мора, да се случи некоја незгода со оган, електрични апарати или остри предмети. За секој слуај, избегнете ја кујната во тие денови. Парите ќе ви бидат важни, и до нив лесно ќе доаѓате. Можеби затоа и ќе уживате во нивното трошење. Во љубовниот живот можна е промена на интересите, посебно ако чувствувате дека партнерот / партнерката зависи од вас заради нешто, што нема да ви се допадне.

СКОРПИЈА – Убаво расположени, насмеани, ведри и дотерани – тоа ќе бидете вие во текот на последните денови од годинава. Љубовта ќе ве одржува во вакво расположение, а многу е можно да не сакате да обелодените со кого сте. Сепак, ако сте вљубени од скоро, нема да можете да разговарате на друга тема освен за љубов. И за парите, се разбира. Парите ќе доаѓаат од неколку извори, а можно е изворот на пари кој ви е вообичаен и од кој се надевате да земете кога ви треба, овој пат да биде празен или недостапен. Непланирани обврски е можно да ви се појават, за што ќе се побуните.

СТРЕЛЕЦ – Ќе ги оставите сите непријателства и расправии, и ќе се посветите на себеси и своето добро во текот на последните денови од годинава. Сепак, некои недоразбирања, спротивставени убедувања или судири поврзани со пари, ќе продолжат да бидат актуелни уште некој период. Можно е да треба да дадете поголема сума пари или пак да ви биде земена за наплата на некој долг што не сметате дека е ваш. Како и да е, ако доброволно давате за да купите нешто вредно, може да излезе дека купеното ќе треба да го враќате, да го заменувате или дека едноставно не ви треба воопшто. Во деновите околу 25 декември, убави  вести во врска со работа.

ЈАРЕЦ – И покрај зголемената активност што ве очекува во овој месец, можно е настаните кои ќе се случуваат да не донесат некакви големи пресвртници за вас. Посебно доколку ги очекувате пресвртниците, ќе треба да го почекате јануари. Во поголемиот дел од месец декември ќе ве окупира работата, групните активности, средби со пријатели, некакви судири на тема „дома-работа“ или со некој од родителите, а после 19 декември ќе се свртите целосно кон себеси и своите потреби. На ова може да ве поттикне некој разговор со блиска личност. Контакт со странство, со  странци и зголемена активност преку интернет е исто така дел од она што ви биде актуелно пред новата година, и посебно во деновите околу полната Месечина ќе биде обелоденето нешто што ве засега.

ВОДОЛИЈА – Дружења, посети, излегувања, како и групни активности ќе се во центарот на вашиот интерес во текот на овој месец. Доколку очекувате вести поврзани со работа, ќе пристигнат, а исто така ваши и/или туѓи пари ќе бидат дел од вестите: потреба за вложување, позајмица, исплата и слично. Дел од декември ќе го посветите на решавање проблеми и идеи поврзани со домот, некој од родителите или пак местото на живеење. Ако разубавувате по дома, се селите или барате нов дом, декември ќе е добар месец за да завршите голем дел од ваквите обврски. После 20 декември, поголем дел од активностите ќе бидат сведени само на разговарање или договарање и преговарање.

РИБИ – Финансиите ќе бидат главна тема за вас во текот на месец декемри. Ве очекуваат непланирани давачки, но и пари ќе пристигаат од извори кои можеби ќе ве изненадат или од каде не ни очекувавте.  При дружбите во група, со пријателите, или при групни активности, ќе користите убедување и наговарање. Голема е веројатноста дека имате потреба за помош или пак соработка од некој од нив (пријателите или колегите од групата), па затоа ќе се обидувате на другите да им го наметнете својот начин на размислување по одредена тема. Вашиот владетел Јупитер сè уште е во знакот на Девица, а тоа за вас значи некаков вид на зависност од партнерот или од некои други луѓе.

Related Posts

Поддржете не' со клик на Like копчето ↓

Ни значи вашата поддршка 🙏🧐


This will close in 59 seconds