Крвава уметност

Ова дебитантско дело( ако воопшто може да се нарече така) заслужува големо внимание, не само од македонската читателска публика туку и многу пошироко!

Нараторството со кое писателот не` запознава со главниот лик на Крвава уметност е маестрално проткаено преку едноставните меѓучовечки дијалози со секојдневните жаргони на  „обичниот човек”. Искрената паралела на минатото и сегашноста која писателот ја распостила пред читателот воодушевува!Со самото тоа читателот добива чувство на главен сведок во сите случувања кои се пронижуваат во романот.

Самиот почеток е вовед во нашето секојдневие каде Ивановиќ преку главниот лик ја произнесува вистината и шаблонот за многу реалните(а можеби) и веќе  видени случувања. Неосетно читателот е воведен во заплетот. Низ целиот роман провејува ретко искрениот исказ-видување за мажот како индивидуа и неговите општи погледи кон светот наречен „ жена”.Посебно импресивен впечаток остава ликот на „ Бисера“ во која писателот ја пополнува претходно претставената слика на жената како индивидуа(која лесно паѓа во прегратките на мажот), воведувајќи не` во едно експресивно доживување со голема психолошка и душевна стабилност.Иако во делови од почетокот тоа бледо го сервира на читателот преку ликот на „ Марина“ за да подоцна запознавајќи не` со „ Бисера“ кулминира неговата почит кон  „супериорноста”.

Преку избраниот лик на „ Бисера” ни ја разоткрива секојдневната реална површност на нашето опкружување- луѓето. Сексот како дефиниција преку „ Марко” е прикажан најреално во нашето општество за луѓето од калибарот на главниот лик. Ивановиќ дури се осмелува да чепне во табуата кои на повеќето од нас ни е  сосем јасно дека се реалност.Преку губењето на невиноста на „ Бисера” ни открива само еден мал скокотлив дел од темата.

Искрениот(крвав) криминал писателот успева волшебно да го заплете околу најзаборавенате доблести на денешнината а тоа  се` пријателството и довербата. Ивановиќ на самиот крај во овој според мене сурово искрен роман успева на читателот да ја пренесе смислата на нашето постоење и да и’ се насмее гласно на површноста на „ обичниот човек“. Ја сугерира единствената опција за „будење“ а тоа е искрено(то) нуркање во себе! Крвава уметност на Срѓан Ивановиќ не смее а да не добие филмувана рамка на нашето современие!

 

 

 

 Крвава уметност може да се најде на следниве локации:

Книжарница Табернакул
Книжарница Топер
Книжарница Три
Книжарница Мист – Штип
Книжарница Викели – Прилеп
Кафе-книжарница Децата од нашата улица
Кафе-книжарница Вештица
www.kupikniga.mk

Comments

comments