Верувам

Денес, повеќе од сè

му верувам на погледот од очите мои.
Денес, уште повеќе

верувам во сјајот на твоите бои.

И во февруари верувам бидејќи доаѓа март.

Верувам и во другиот во мене,

а верувај

и во оној кој копнее по тебе.

i-believe2

Верувам

за да остварувам.
Верувам

за да дарувaм.

Во светот на бајките верувам,

зашто таму

 Сонцето

царува.

Во душа верувам

не во

тело

зошто еден без друг

 никогаш

 нема да бидеме

цело!

Автор: Мирослав Крстески

Comments

comments