Националната установа Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар го објави конкурсот за учество на третиот Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“. Право да конкурираат имаат сите поети од Македонија и од Балканските земји без разлика на возраста.

 литературни искри - гостивар
Творците конкурираат со по една до сега необјавена песна, не подолга од 32 реда, на слободна тема, напишана на мајчин јазик. Песните се испраќаат на електронската адреса: [email protected], најдоцна до 29 март 2016 година.
Пристигнатите творби ќе ги оценува стручна комисија, а резултатите ќе бидат соопштени во текот на април. Освен избор на најдобрите автори што ќе влезат во трка за фестивалските награди, комисијата ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка, алманах.

Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24 Мај. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Comments

comments