Пишува: професионален астролог Снежана Штрковска

Полна Месечина –  16 октомври; ноќ без Месечина – 1 и 30 октомври; Сонце влегува во Скорпија – 22 октомври; Венера влегува во Стрелец – 18 октомври. Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.

*Ако сакате да дознаете повеќе што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте соларен хороскоп.

ОВЕН – Јавност, други луѓе, партнери за љубов или деловни, ќе се во центар на вашето внимание во текот на месец октомври. За некои од вас, ова ќе биде месец во кој ќе се обидете да се смирите со лице со кое сте се оддалечиле веќе некој период. Но, тоа може и да не оди лесно, посебно ако другото лице веќе ве заменило или веќе нема потреба од вашето внимание. Меѓу другите настани и активности кои ќе ве допрат во текот на месец октомври ќе се нештата кои ќе ги донесе полната Месечина во вашиот знак. Вообичаено, ова носи откривање на некои аспекти од вашиот живот, но овој пат, ова може да биде непријатно, затоа што ќе биде во неочекувано време.

БИК – Работата и секојдневните обврски ќе ве оптеретуваат во текот на месец октомври. Ако спаѓате меѓу „вредните пчелички“, ова нема да биде проблем за вас, па ќе најдете време и за љубов и за дружење. Кон крајот на месецот, ќе бидат актуелни финансиите: оние што ги имате, оние што треба да ги земете од некого или од некаде, и оние што ќе ви бидат обарани да ги дадете. Внимавајте да не ве изигра некој за пари.

БЛИЗНАЦИ – Деца, забава, спорт и уживање е она што ќе ве преокупира во текот на месец октомври. Повеќето од вас ќе имаат потреба од спортување или раздвижување, посебно ако истовремено имате голем број обврски кои треба да се сработат. Ненадејна сума пари ве очекува во деновите околу 19 октомври. Додека сме кај парите, некој од пријателите ќе ве изненади со својот став или однос кон парите, пријатно или непријатно, за секого поинаку. Љубовниот живот, стандардно и без промени во врската. Ако не сте во врска, средба со потенцијален партнер.

РАК – Желба за страст но не и љубов, а за некои припадници на овој знак, ова ќе е месец на љубоморни разговори и/или сцени. Ситуациите ќе бидат комплексни, и на моменти ќе се чувствувате немоќни да ги решите недоразбирањата, посебно ако треба да ссе придржувате кон некои правила поставени од партнерот/ партнерката. Потребна е самодоверба во однесувањето и јасна слика за тоа што сакате од врската, па лесно ќе ги средите ситуациите. Домашната атмосфера, родителите, или пак некои аспекти поврзани со домот, исто така ќе ги окупираат вашите мисли, но и времето.

ЛАВ – Бројни средби, кратки патувања, контакти со голем број луѓе, како и договори и разговори ќе се централниот дел на случувања за вас во текот на овој месец. Некои аспекти на комуникацијата ќе бидат стресни, ќе има спротивставување на вашите идеи, па ќе треба да поработите на своите комуникациски вештини. Можно е некој од соговорниците да наоѓа и скриени мотиви, реални или измислени. Финансиите ќе течат лесно, и љубовниот живот исто така. Можно е при некое излегување да сретнете драги лица кои не сте ги виделе одамна, или пак да запознаете некого што ќе ви остави голем впечаток.

ДЕВИЦА  – Парите и како до нив, ќе биде центар на вашето внимание во текот на месец октомври. Можеби имате зголемени трошоци, па ќе ви требаат и зголемени приливи. Секако, нема да ви недостигаат идеи за тоа како да дојдете до дополнителни суми. Домашниот живот ќе биде мирен, без изненадувања, исто како и во љубовниот живот, во најголем дел ќе се одвива како и досега. Она на што треба да внимавате во текот на месец октомври е зголемената енергија која ќе ви се појави во еден период. Добро е да ја трошите на спорт, но без претерување, бидејќи постои опасност од повреда.

ВАГА – Ќе се занимавате со себе, можеби со промена на имиџот и изгледот, или пак со било каква активност која е само ваша, или се однесува само на вас лично, како на пример, држење диета. Ќе се занимавате и со финансиите, исто така, и поради некоја причина, во текот на овој месец ќе ви пристигнат повеќе приливи од вообичаеното. Домашниот живот ќе биде пореметен поради нешто. Можно е да преуредувате по дома, да планирате преселба, или пак заради нешто ќе ја менувате секојдневната рутина по дома, заради што може да се појават спротивставувања од членовите на семејството. Ако не ви помагаат, ќе се спротивставуваат на вашите идеи.

СКОРПИЈА – Размислување, анализирање, па дури и фантазирање ќе биде дел од вашето секојдневие. На моменти ќе ги туркате другите да се согласат со вас по секоја цена и нема да бидете толерантни кон туѓите, различни ставови. Ќе сфатите дека некои лица не ве ценат доволно,  или дека за она што ќе го сработите добро, нема да добиете ни пофалба, но засега нема да можете ништо да смените околу тоа. Во љубовниот живот ништо нема да се смени, освен што ќе бидете пољубезни со драгото лице.

СТРЕЛЕЦ – Пријатели, здруженија, како и активност во големи групи ве очекува во текот на октомври. Сериозни и длабоки разговори со постари лица, ќе ви донесат неочекувани увиди. Многу нови работи ќе дознаете, но и многу нешта за вас ќе се дознаат во текот на таквите активности, посебно она за што ни самите не сте свесни, а во врска со себе. Кога се финансиите во прашање, ве очекува голем прилив или екстра одлив на пари, но и кавги за тоа како да се трошат парите. Ќе биде потребно да се ставите на штедење, или пак да го контролирате трошењето.

ЈАРЕЦ – Активен месец за вас драги Јарци, посебно во врска со кариера, работни обврски, пријатели и здруженија во кои членувате. Посебно нагласен ден е 19 октомври, кој може да донесе енормно зголемување на енергијата за да се постигне нешто, или пак за да се растури нешто. Вие бирате дали ќе ја искористите позитивно или не. Дел од работните обврски ќе течат мазно, но ќе се појави тензија, посебно ако се случи недоразбирање во врска со тоа кој што требаше да направи. Кон крајот на месецот, можна е ненадејна сума на пари.

ВОДОЛИЈА – Главниот фокус во текот на месец октомври ќе ви биде на разговори, контакти со луѓе кои се далеку, зголемена употреба на интернет, и слично. Во текот на ваквите контакти ќе дознаете некои вистини кои ви бегале. После 22 октомври, во прв план ќе бидат работните обврски и кариерата, а за некои од вас – засилен контакт со некој претпоставен или родител. За љубов, можна средба со драго лице преку пријателите. Сепак љубовните настани ќе бидат пропратени со некаков вид на ограничување.

РИБИ – Во текот на првите денови од октомври ќе се занимавате со љубовниот живот, но потоа други нешта ќе избијат во прв план, како на пример, некаква наплата на пари, или добивање позајмица, кредит, што и да е. Состојбата или настаните поврзани со парите посебно ќе ви се разјаснат во деновите околу 16 октомври. Некои од вас ќе ги повикаат пријателите на помош, а друго пак, ќе се обидат да сработат нешто дополнително за да дојдат до поголема сума во текот на октомври.

Comments

comments