Кога млад ќе умрам

есен ќе ме облече

чаршаф од лисја ќе ме скрие

од твојата пресилна светлина

од грлата на црните славеи

химни на зората

во дождови ќе се родат.

 

Кога млад ќе умрам

небесни драматурзи

ќе се пијанат во дождовите

што ја сквернават тишината на

падините од твоето лице.

 

Кога млад ќе умрам

во сандак од сни закопај го златото

на моето зајдисонце

уморно што го допира сиот свет

меѓу тебе

и земјата со боја на славеите

што и’ ги насадија зеленилата на твоите очи

в трепнеж.

младост

Comments

comments