Вторник , Мај 23 2017
Колумни
You are here: Home / Колумна / Биро за изгубените нешта
Биро за изгубените нешта

Биро за изгубените нешта

Пишува: Блаже Петревски

Кога станува збор за моменталната ситуација во Македонија подобро е да се чита Пруст отколку Џојс. Станува збор за изгубено време, огромно изгубено време. Ги фасцинира потрагата за изубеното време само затоа што Македонците се опседнати со минатото, живеат во него. Дури и иднината ја гледаат само како идно минато!

Минатото и иднината се можеби присутни во сегашноста, кажува Елиот во една своја поема. А Џојс, Џојс е Свето писмо. Како не разбираме дека низ тие текови на свеста, низ таа потрага ние можеме да спознаеме зошто и како редовно, секогаш, секогаш сами тонеме во гомна.Секој поединец, секој од нас. Џојс е првиот квантен писател.

joyce and proust

Џојс прв докажал дека нашите текови на свеста немаат брег ,дека пливаме во еден бескраен непрегледен океан,полн со идеи и претпоставки. Е Одисеји, долг е патот до Итака, но како да се стигне до Пенелопа кога сте изгубени во митските простори на својата свест!? Одисеји изгубени во просторот и Дон Кихоти изгубени во времето, тоа сме ние!

Водиме битки со ветрила и разни привиденија. Како да сме единствена изгубена генерација. Не! Тука станува збор за совршен континуитет на изгубени генерации.Прво, векови не истребувале разни натрапници, а најлошото од се, е тоа што самите себе си се истребуваме систематски.Треба ли да се испоубиеме сите, и тоа паѓа на памет , само не се знае како би го сториле тоа кога сме сите изгубени во своите текови на свеста!? А таквите текови прават поплава. Никогаш не ќе ја најдеме својата Итака, а и Пенелопа не не чека веќе, станала плејбој зајачица, се ебе за ситни пари, појма нема кој е Џојс, а уште помалку кој сум Јас! Во секој од нас има повеќе особи, па така и не е штетно и жално ако некоја случајно се изгуби.

Единствена надеж: Космичка телепатска порака: Тоа си ти, знаеме за тебе, не си веќе изгубен, запишан си во овие ѕвезди и никогаш повеќе нема да исчезнеш! 2 Животот е само припрема за смртта. Ха, чувствувам – смртта како да е жива! Мислам дека смртта е живо суштество, баксузно суштество , но кога ќе и докурчи таа доаѓа по нас.

death art

Што правиме кога е осамена? Постојано бегаме и се криеме од неа. А таа е толку дружељубива и многу и се допаѓа нашето друштво. Треба повеќе да се дружиме со неа. Ќе ни биде многу благодарна, благодарна до гроба. Од сите можни добивки на светот оваа, ми се чини, дека е најдобра за мене. Изгубивме убава држава, добивме хаос и распаѓање.

Изгубивме стандард и самостојност, добивме сиромаштија и зависност. Изгубивме мир, толеранција и љубов, добивме омраза. Изгубивме морал, добивме непочитување.

Ние и кога губиме – добиваме! 3 Две третини од популацијата живеат во палеолитска доба. Една третина е скоро пред полнолетсво. Еве деца мои, заправо се навршени две илјади години на христијанството. Цела таа двеилјади годишна историја наликува на памет на дете во рана младост, на кое му се потребни сто години за да достигне една своја година.

Како сега да сме навлегле во дваесет и првата година. Па ајде кажете дека не е првото столетие од христијанството во полна измама како и малото дете? А тогаш верата служела како играчка, слатка играчка на тоа дете. Но што правело тоа натаму од својата петта до својата дванаесетта година? Што? Се трудело да докаже како играчките се само негови и дека не припаѓаат на другите деца. И сите сакале да бидат цареви, попови , папи итн. А потоа си измислувале самите себеси бајки, и така настале бајки за Светиот грал и други останати играчки.

Е, потоа си играле крстоносни војни, се убивале но добро, тоа било детска игра. Меѓутоа , после доаѓа пубертет или Ренесанса, тоа ние денес го викаме доба на Хуманизмот.

Вистина, имало многу помалку крв, но многу повеќе мастурбирање и ебење. Но нашето дете е напредно, брзо сваќа, сите возбудливи врски помеѓу Еросот и Танатосот. Какво дупло задоволство, Ебење и Убивање! Тоа е совршено! А потоа иде следново: пари, злато, пари злато. А зошто пари и злато? Па, за што подобро да ебат и да убиваат! И на крај последно натпреварување кое се викало „Кој има поголем пенис”. Видете, тоа анатомско прашање се уште ја измачуваа таа болна креатура која штотуку наполнила дваесет и една година.

eros thanatos

Сите луѓе, сите ние драги браќа сме врсници, сите имаме дваесет и една година. А со дваесет и една година, појма немаме. Адолесцентни креатури – е тоа сме ние драги браќа! Класната прашува: Но зар ние Македонците не сме постар народ?

А Александар Македонски? – Ретардирано и заостанато дете, ете, тоа е Македонецот! А да, Фрчкоски е во право, не можеме да го обвинуваме Дарвин, на пример за појавата на Никовски…, класната, и остала збирштина… Навахо Индијанците се друга приказна Tоа го надминува и лудиот разум од онаа страна на задзаумноста.

Comments

comments

About Стефан Марковски

Писател и поет, сценарист и драматург. Пишувањето му е леб, читањето - вино. Уживател на филмски и музички класици и истражувач на уметничката (не)ограниченост. [email protected]

Comments are closed.

Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better