Сабота , Јуни 24 2017
Колумни
You are here: Home / Колумна / ГАЗДИ, каде сте?!
ГАЗДИ, каде сте?!

ГАЗДИ, каде сте?!

пишува: Маја Дукова

Македонија е привлечна дестинација за патување за туристите од западноевропските земји. Токму тоа го покажуваат досегашните посети на туристите како од Белгија, Холандија, Германија, така и од Балканските земји, но и од Малезија, Турција и ред останати, но тоа не ни е гаранција дека истите ќе посакаат да се вратат.

Да, Македонија е одличен потенцијален (поради тоа што не е целосно искористен) туристички пакет.

Туристички пакет, жртва на “ГАЗДИТЕ” или менаџерите или директорите кои стануваат дел од градската елита благодарение “на парите од тате”. “Тате ми остави пари јас купив/изградив хотел, ресторан, кафе бар… Станав газда. И го имам најскапиот ајфон, го возам најскапиот автомобил. Завршив машинобравар, немам искуство во оваа област ама тоа не е ни битно.” ДААА битно е!!!

boss

Е од такви страда македонскиот туристички пакет. Зашто на таквите газди не им е битно како работи нивниот објект, не им е битно дали нивниот персонал ги задоволува потребите на гостите/ туристите, дали вработените се насмеани, зеле ли плата и дали гостите кои еднаш дошле ке посакаат да се вратат. На овие така наречени туристички работници најбитно им е еднаш дневно да се појават во “објектот од тате”, да видат што и како е со прометот и да заминат на некој настан каде ќе бидат видени.

А дури се присутни во објектот, неговите “очи и уши”, неговата подвижна камера во хотелот/ресторанот/кафе барот одат на рапорт. Е тогаш го добиваат целиот извештај, небитно дали е вистинит, оти шпионот е “негов човек” и затоа го вработи таму. Оти нели не е битно искуството во областа. А со “неговиот човек” заедно бегаа од часови во средно, заедно одеа на поправни, ептен е негов.

Неговиот човек ќе најде и луѓе за дневница (мала нормално оти треба да останат пари за по настани) што ќе работат кога ќе фатат гужвите. Битно ќе има луѓе. Колку толку. Ќе се покријат во дадена ситуација. Не е важно каква услуга ќе дадат тие луѓе. Не е важно дали благодарение на нив гостите кои дошле ќе посакаат никогаш повеќе да не се вратат.

Епа нема да се вратат. Да почитувани туристички работници ќе работите во дефицит, да не речам имате можност и да го затворите вашиот објект. Зашто вие како “газда/менаџер/управител” не се обидувате ништо да промените. Не се обидувате да направите никаков туристички пакет, не внесувате никаков новитет во вашиот објект, не ја задржувате насмевката на вашите гости, не го анимирате доволно нивниот престој, не ги мотивирате доволно вашите вработени, дури ни во менито и инвентарот не инвестирате. Зошто? Поради тоа што стана газда и оти нели небитно е да имаш искуство во таа област, ама мораш да заминеш во Дубаи и Тајланд на одмор.

Епа нема да можеш тоа често да го правиш! Зашто “бизнисот од тате” ќе го доведеш до пропаст. Не ќе можеш да ја префрлиш вината на нелојалната конкуренција, ниту на економската криза а камоли на Америка.

А во меѓувреме Македонија врие од менаџери по туризам. Државните и приватните факултетски капацитети секоја година на пазарот на трудот “исфрлаат” стотици експерти за туризам. Според тоа македонскиот туризам треба да е на завидно ниво, но туристите и нивните пари континуриано ја заобиколуваат нашата земја.

own boss

Затоа ти ГОЛЕМ Менаџеру, искористи го овој кадар што излегува од образовните институции. Сплоти ги твоите пари со знаењето на овие граѓани кои се едуцирале во оваа област и обиди се “бизнисот од тате” да не пропадне. Ним им е важно да имаат познавање за тоа што го работат. Тие знаат како треба да постапат во дадени ситуации. Не ризикуваат да бидат програмери поради тоа што знаат дека е БИТНО да имаш познавање за она што го работиш. Помогни ти Голем туристички работнику туристите да не ја заобиколуваат нашата држава. Обиди се Македонија како туристички пакет целосно да се искористи зашто таа има пто да понуди!

Comments

comments

About Стефан Марковски

Писател и поет, сценарист и драматург. Пишувањето му е леб, читањето - вино. Уживател на филмски и музички класици и истражувач на уметничката (не)ограниченост. [email protected]

Comments are closed.

Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better