Пишува: професионален астролог Снежана Штрковска

Полна Месечина –  14 декември; ноќ без Месечина – 29 декември; Сонце влегува во Јарец – 21 декември; Марс влегува во Риби – 19 декември. Направете комбинација на толкувањата за вашиот знак и за подзнакот.

*Ако сакате да дознаете повеќе што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте соларен хороскоп.

ОВЕН – Многу предомислувања, вие знаете за што.  Посебно нагласени денови за вас драги Овнови, се деновите околу 3, 10 и 19 декември. Спротивставување од луѓе на чија поддршка се надевате, и посебно нема да ви се допаднат настаните кон крајот на месеот. Сепак, предновогодишната еуфорија ќе влијае и врз вас, на што ќе ве повлечат некои од пријателите. На љубовно поле, очекувајте бурни денови, посебно што вашиот партнер/ партнерка е во новогодишно расположение, а вие не сте.

БИК – Месец декември за вас ќе е исполнет со многу настани кои нема да ве допрат лично, но ќе усчествувате во нив поради ваши блиски и пријатели. Можно е да имате бројни обврски на работа, или со родителите. Голем дел од комуникацијата ќе се одвива преку интернет, или пак со луѓе кои живеат подалеку од вас. Можни се скриени намери од лице кое ви е подредено на било кој начин, па потребна е внимателност. Внимавајте на здравјето.

БЛИЗНАЦИ – Голем дел од активностите за вас во текот на месец декември ќе се однесуваат на финансиите, ваши или туѓи. Посебно е нагласено дека ќе се занимавате со пари кои ви требаат за да ги завршите работните обврски на време. Ова за вас ќе е месец за стекнување партнер, љубовен или деловен, па посветете се на тоа. Забава, деца, спорт и активности поврзани со тоа ќе се случуваат за голем дел од припадниците на овој знак.

РАК – Домашната ситуација ќе е позитивна за повеќето припадници на вашиот знак, но за малкумина ќе се случат ненадејни промени. На подобро. Главна окупација за вас ќе е љубовта, бракот, или партнерство со некого, што ќе ви донесе позитивни промени во иднина. Инаку, повеќето од вас, сè уште нема да имаат претстава што треба да се стори за партнерството да успее, било во љубовта или во работата. За пари, ќе треба да се потрудите повеќе, или поинаку кажано: ако не сработите, нема да имате доволно.

ЛАВ – Зголемен број на контакти, комуникација, кратки излегувања до некаде, и разговори со луѓе кои ви се драги. Љубовниот живот ќе ви се среди после 19 декември, посебно откако ќе ги дефинирате приоритетите. Некои тајни ќе се откријат поврзани со некој од пријателите или луѓето со кои сте поврзани во групна активност, па се препорачува внимателност во личните контакти. Ако очекувате пари од некаде, во текот на овој месец може да ги снема, без да имате вистинско објаснување зошто се случило тоа.

ДЕВИЦА  - Во текот на првата половина од декември ќе бидете повеќе по дома, или низ татковината, во зависност од тоа каде вообичаено шетате. Ќе се олабавите после 21 декември, откако ќе биде завршен голем дел од обврските, иако и за новогодишните празници ќе останат недовршени нешта кои чекаат на вас. Што се однесува до финансиите, парите на кои се надевате да стигнат кон крајот на месецот, непријатно ќе се одложат уште за некој ден. За љубов, ќе ве заинтересира лице што нема да биде заинтересирано за вас.

ВАГА – Комуникацијата, контактите со другите како и кратките патувања ќе бидат фокус на настаните за вас во текот на месец декември. Во љубовта ве очекуваат бројни промени и настани врз кои нема да имате влијание. Исто така и поддршката на која се надевате ќе изостане, или пак ќе се смени на било кој начин. Во деновите после 19 декември, вашите обврски ќе се зголемат, што нема да ви се допадне, но вие нема да го покажете тоа. За некои припадници од вашиот знак се препорачува внимателно ракување со електрични апарати.

СКОРПИЈА – Финансии, дом и домашни активности ќе се центар на внимание за вас во текот на месец декември. Крајот на годината ќе ве дочека „на нозе“, што и да значи тоа за вас. Ќе се олабавите дури после 20 декември, иако тоа ќе ви донесе зголемување на контактите, чести разговори, и патувања, како и зголемено или непланирано трошење. Се пррепорачува внимание на здравјето, како и внимателна употреба на зборовите. Можно е да треба да плаќате поради грешка во изразувањето.

СТРЕЛЕЦ – Месецов ќе го започнете самобендисано и насочени кон себеси и своите постигнувања. Доколку вашите постигнувања звисат од група луѓе или од пријателите, ќе бидете разочарани на крајот. И финансиите исто така ќе бидат зависни од други, иако ќе има денови кога ќе бидете задоволни од постигнатото. Другите ќе одиграат голема улога, а вас тоа нема да ви се допадне. Партнерот, љубовен или деловен, ќе очекува повеќе од вас. Во љубовта, имате можност за нова врска, доколку успее да ве заинтересира лицето вљубено во вас.

ЈАРЕЦ – Активен месец за вас драги Јарци, посебно кон крајот на месец декември. Од една страна ќе имате потреба за олабавување и забава, а од друга страна, ова ќе е период на зголемени обврски, што нема да ви се допадне. Ненадејна сума на пари ве очекува во деновите околу 25 декември, и посебен тип на одговорности веднаш наредниот ден. Како и да е, ќе ви биде забавно да трошите за Новогодишните празници. За повеќето од вас, ова ќе е месец на зголемена комуникација, контакти по мејлови, преку интернет, телефон.  Кон крајот на месецот, очекуајте дека некои работи кои стоеле или не се движеле како што треба, ќе бидат исправени.

ВОДОЛИЈА – Напорен месец за прирадниците на овој знак. Ве очекуваат одговорности поврзани со групата на која припаѓате, но и такви за кои не сте биле свесни дека ќе се појават. Како и да е, после 7 декември ќе се олабавите малку повеќе, па повеќе ќе сакате денови минати во мрзливост. Ненадејни информации, контакти и вистини кои ќе ги чуете, ќе ве натераат да прекинете контакт со некои лица. За добро или не, ќе морате да заземете страна. Посебно нагласен ден за вас е 25 декември.

РИБИ – Имајте на ум дека после 19 декември деновите ќе ви бидат преполни со активности, вие знаете зошто. За пари, ова не е некој добар месец, но ќе се потрудите да извлечете максимум од она што ви се нуди. Можно е спротивставување кога се парите во прашање, или ќе треба да дадете повеќе отколку што сте планирале, посебно ако досега сте избегнувале некои давачки. Кон крајот на месецот, можно е да успеете во вашите намери, за што и да се работи.

Comments

comments