Живееме во време кога оптеретеноста со сопствениот изглед е поизразена многу повеќе отколку претходно,
благодарение на изложеноста на медиумите кои пропаагираат како треба да изгледа едно совршено женско, па и машко тело.
Меѓутоа забораваме дека моделите од списанијата и весниците не се такви какви што се прикажани таму – совршени.
Незадоволството од  сопствениот изглед може да се јави во секоја возрасна доба, но тоа најмногу е изразено во тинејџерскиот период
кога адолесцентите ја дооформуваат сликата за себе често под влијание на сите тие „препораки“ или „прототипови“ како треба да изгледа еден човек.

Што e нарушување во исхраната?
Лицата со нарушување во исхраната имаат крајно нарушени навики за исхрана, како и нарушени мисли и чувства во врска со тоа.
Нарушувањата во исхраната се карактеризираат со неиздржлив, нескротлив нагон да се биде слаб и патолошка страв од дебелење и губење контрола во јадењето. Најповеќе, од нарушувања ви исхраната се лекуваат женски лица, иако тие може да се јават и кај мажи.
Нарушувањето во исхраната обично започнува во адолесценцијата, меѓутоа исто така може да се јави во раните зрели години. Нарушувањата во исхраната може да се излечат и важно е лицето да побара совети и лекување колку што е можно побрзо, затоа што нарушувањата може да имаат сериозни физички и психолошки последици. Кои се главните видови на нарушувања во исхраната?
Двата најсериозни вида на нарушување во исхраната се анорексија нервоза (аneroxia nervosa) и булимија нервоза (bulimia).
Анорексија (anorexia)
Анорексијата се карактеризира со преголем страв од претерана дебелина и постојано тежнение да се биде слаб.

Симптомите вклучуваат:
• Губење на најмалку 15 проценти на телесна тежина како резултат на одбивање да се јаде доволно храна, и покрај чувството на претерана глад. • Преголем страв дека ќе се стане ‘дебел/а’ и дека ќе се изгуби контрола.
• Искривена претстава за телесниот изглед во тоа што луѓето може да сметаат дека се дебели и колку што повеќе слабеат да преценуваат колку се дебели. • Сколност кон опсесивно вежбање.
• Опседнатост со утврдување на ‘добра’ и ‘лоша’ храна и со приготвување на храна.
• Прекинување на менструалниот циклус. Често, анорексијата започнува со слабеење, како последица на диета или физичка болест. Се чини дека позитивните коментари за изгледот како резултат на слабеењето го поттикнуваат лицето да верува дека ако е добро да се биде слаб, тогаш уште подобро е да се биде послаб. Гладувањето и променливите навики во исхраната може да доведат до појава на анорексија. Значителен број на лица кои имаат анорексија исто така ќе заболат и од булимија.

Булимија (bulimia)
Булимијата се карактеризира со прекумерно јадење и прочистување на цревата.
Симптомите вклучуваат:
• Епизоди на непрекинато јадење на големи количини на висококалорична храна, при кои лицето е свесно дека губи контрола и чувствува одвратност кон себе. • Обиди да се отстрани вишокот калории од телото за да се надомести за непрекинатото јадење и да се избегне здебелување со предизвикано повраќање и/или злоупотребување на лаксативи и таблети за отстранување на течности.
• Комбинација на ограничено јадење и непрекинато вежбање така што контролирањето на тежината доминира во животот на лицето. Лице заболено од булимија обично е во границите на нормалната тежина за неговата висина и возраст, што значи помалку може да се препознае од лице заболено од анорексија. Булимијата често започнува со строга диета за слабеење со тежнение да се биде слаб. Несоодветната исхрана предизвикува замор и силна желба за прекумерно јадење. Се чини дека повраќањето после прекумерното јадење носи чувство на олеснување, меѓутоа тоа е привремено и наскоро преминува во депресија и грижа на совест. Некои луѓе користат лаксативи и очигледно не се свесни дека тие не ги намалуваат килоџулите/маснотиите и единствено ги отстрануваат трагите на неопходните елементи и го дехидрираат организмот.
Кај лицата заболени од булимија може да се појави неурамнотеженост на хемиските состојки во организмот, која може да предизвика безволност, депресија и нејасно размислување. Лицето може да вложи големи напори за да го прекине магичниот круг на прекумерно јадење/прочистување/вежбање и чувствата кои ги има во врска со тоа стануваат незапирливи и не можат да се контролираат.
Неконтролирано земање претерано количество храна Ова нарушување во исхраната е откриено неодамна. Лицата со ова нарушување во исхраната поминуваат низ епизоди при кои тие консумираат претерано количество храна во кратко време и чувствуваат дека не можат да се контролираат додека го прават тоа. Меѓутоа, тие не се обидуваат да ја повратат храната после епизодата на претерано јадење. Неконтролираното земање претерано количество храна може да предизвика сериозни здравствени проблеми, на пример, претерана дебелина, шеќерна болест, висок крвен притисок и срцеви заболувања. Ментални здравствени проблеми кои се јавуваат истовремено со нарушувањата во исхраната Нарушувањата во исхраната често се јавуваат заедно со анксиозните растројства како што се паничното и опсесивно-компулзивното растројство, како и при користење на штетни супстанци.

Физички последици од анорексија и булимија
Физичките последици од анорексијата и булимијата може да бидат многу сериозни, меѓутоа обично може да се отстранат ако болеста се лекува навремено.

Ако не се лекуваат, сериозните форми на анорексија и булимија може да бидат опасни по живот. Двете болести, во сериозна форма, може да предизвикаат:
• Оштетување на бубрезите.
• Инфекции на уринарниот тракт и оштетување на дебелото црево.
• Дехидрација, затвор и дијареа.
• Напади, грчеви на мускулите.
• Хронично лошо варење на храната во стомакот.
• Прекинување на менструалниот циклус или нередовна менструација.
• Оптоварување на повеќето органи.

Повеќе последици од анорексијата се поврзани со недоволната исхрана, вклучувајќи ги:
• Отсуствување на менструација.
•Голема чувствителност на ладно.
• Развиток на тенки влакна по целото тело.
• Неспособност да се концентрира и размислува рационално.

Булимијата, во сериозна форма, може да предизвика:
• Подривање на забната глеѓ од повраќање.
• Отечени плунковни жлезди.
• Хронични болки во грлото и хранопроводникот.
• Проблеми со цревата и стомакот.

Емотивните и психолошките последици вклучуваат:
• Тешкотии при активности кои вклучуваат храна и лажно однесување во врска со храната.
• Осаменост, заради самонаметната изолираност и одбивање да се створат лични врски со други лица.
• Страв дека другите ќе бидат против ако се дознае за болеста.
• Променливо расположение, промени во личноста, емотивни испади и депресија.
Затоа, неопходно е да се реагира на раните предупредувачки знаци на анорексија и булимија и да се побара навремено лекување.
Што ги предизвикува нарушувањата во исхраната?

Причините за појава на анорексија и булимија и понатаму не се познати.
Вклучени се биолошки, психолошки и социјални фактори. Најголемиот соодветен ризичен фактор за заболување од нарушување во исхраната е држењето диета.
Генетски фактори
Постојат докази дека веројатноста кај жените кои имаат мајка или сестра болна од анорексија нервоза е многу поголема и тие самите да подлегнат на нарушувањето во однос на жените во чие семејство никој не боледува од нарушувањето.

Биохемиски фактори
Хемиската или хормоналната неурамнотеженост, посебно таа што се јавува на почетокот на пубертетот, може да се поврзе со појавата на нарушување во исхраната.

Лични фактори
Различни лични фактори се поврзуваат со нарушувањата во исхраната, вклучувајќи:
• Измени во животните околности, на пример, влегување во 4/6 адолесценција, раскинување на врски со други лица, породување,
или смрт на некој близок.
• Перфекционизам и верување дека љубовта од семејството и пријателите зависи од големи постигнувања.
• Страв од обврските во зрелите години.
• Слаба комуникација меѓу членовите во семејството или неподготвеност на родителите да им дозволат на децата да бидат независни како што тие созреваат.

Општествени влијанија
Во западните општества се зголемува бројот на нарушувања во исхраната и ова се поврзува со нашата опсесија со телесниот изглед. Посебно загрижувачки е растечкиот број на Интернет страните кои ги поттикнуваат девојчињата и младите жени да држат диета. Во медиумите, совршеното тело е витко и тие се преокупирани со физичките карактеристики на луѓето. Луѓето кои се дебели или претерано дебели негативно се стереотипизираат.

Дебелината е  болест на 21 век, а најмногу е поврзана со нарушувања во исхраната.
Дали можете да препознаете некој ваш близок да има некои од симптомите на нарушувања во исхраната?
Доколку  препознаете, реагирајте навремено и не дозволувајте да западнат во канџите на тој магичен круг кој не носи  ништо добро.
Патот за третирање и излегување од тој измачувачки процес е долготраен, исцрпувачки и бара многу труд, време и
разбирање и поддршка од блиските на оној кој страда од нарушување во исхраната.
Помогнете со тоа што ќе покажете дека имате разбирање и дека заедно ќе најдете начин да го победите .
Никако немојте да ги критикувате и осудувате овие личности!

Comments

comments