Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје го распишува традиционалниот Конкурс за ликот и делото на Гоце Делчев…

На Конкурсот можат да учествуваат сите заинтересирани ученици од основните и средните училишта од Скопје и Републиката, со литературни и ликовни творби на тема „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Песните, расказите и цртежите треба да се испраќаат преку пошта, или да се доставуваат лично на следнава адреса: Издавачка куќа Феникс, ул. Костурски херои бр.35, 1000 Скопје.

goce_delcev_2

Конкурсот е отворен од 20 јануари, а ќе трае до 10 февруари 2017 година.

Жири комисија ќе ги разгледа пристигнатите прилози и ќе додели награди во книги. Резултатите ќе бидат соопштени во февруари на посебна свеченост во Издавачката куќа „Феникс“, во рамките на Зимскииот саем на книгата, кој ќе трае од 15 февруари до 15 март оваа година.

Comments

comments