Доколку го прочитавте првиот дел во кој пишував за некои техники кои би можеле да помогнат во подобрата организираност,
и ако применивте некои од нив и помислувате дека сепак не го достигнувате саканиот степен на организираност кој ви е потребен,
мислам дека овој текст како и претходниот ќе ви биде добредојден.
Image result for organizing
Без оглед на тоа дали сте студент, ученик, домаќинка, вработени во некоја фирма или на било кое работно место, пензионер или невработени секогаш ви е потребно да си го организирате времето и да ги распределите обврските во текот на денот  за да можете да го извлечете максимумот и да си го прогласите тој ден за продуктивен.
Секако, поради тоа што сме живи луѓе, мораме да напоменеме дека секогаш ќе постојат оние денови кога не ни се прави ништо
и сме спротивни на сѐ што се подразбира под организранoст, па сме одлично „организирани“ во неправање ништо
односно во одмарање од сѐ и од секого и она што го подразбирате под неправење ништо (за некого тоа може да биде останување цел ден во кревет и правење на филмски „маратон“, за некого сосема друго нешто)

Организираноста, впрочем како и сите останати навики кои ги стекнуваме со текот на времето, не може да се постигне лесно, нити па таа може да се поправи преку ноќ. Важно е да се знае дека потребно е трпение, и подолг временски период на „тренирање“ односно создавање на помали здрави навики кои ќе водат до формирање на една комплетна и здрава навика која ќе направи да бидете организирани онака како што посакувате. Некои од техниките претходно опишани ги измислив лично јас, а некои постојат и од претходно, но во секој случај се добра алатка и претставуваат водич кој верувам односно убедена сум дека ќе помогне во подобрување на вашите организациски способности кога се во прашање личните интереси, желби, преференции и обврски. Тука не станува збор за организирање и менаџирање на фирми или организации што е очигледно, туку на лична организација, која потекнува од самиот начин на живот, која е дел од секојдневието, меѓутоа може да помогне и на професионално поле доколку правилно се употребува.
Станува збор за применувањето на сите претходни техники или дел од нив опишани во овој текст
http://zenica.mk/2017/01/21/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8/,
но притоа треба да се има предвид и следново:

  • никогаш не го менувајте распоредот на ритуалите и на навиките, на пример, доколку секогаш после миењето на забите си легнувате, а пред тоа поминувате кратко време во читање, секогаш правете го истото или она кое веќе сте го навикнале, а дава добри резултати за поквалитетен сон (која и да е вашата навика пред заспивање)
  • обидете се секогаш да легнувате во исто време, и во исто време да се пробудувате, за подобро „менаџирање“ на обврските и на времето во текот на денот
  • држете се стриктно до она што сте го зацртале како план во текот на вашиот ден и обидете се да го исполните секој дел од вашиот план дури и ако изгледа невозможно сето тоа да се постигне (неисполнувањето не треба да доведува до разочараност, туку до идеја како да се направи нешто поразлично кое следниот пат ќе доведе до успешни резултати)
  • иако правењето на истите работи секој ден во ист период од денот може да изгледа монотоно, обидете се да пронајдете нешто корисно и забавно во тоа иако мислите дека активноста е многу „досадна“
  • секогаш верувајте во себе и во вашите способности, ќе видите дека можете да направите многу повеќе отколку што си замислувате
  • константноста и упорноста водат до формирање на навиките, а нивното негување до успешност во секој аспект од вашиот живот
  • тренирањето на вашиот мозок да ги „брка“ негативните мисли и да се концентрира на позитивното во секакви ситуации може многу да придонесе за поголем успех во сѐ што правите!

Comments

comments