Дали ти се случило да наидеш на стар пријател, а претходно си помислил на истиот?
Гледаш некој дека прави исто нешто или ги зборува истите зборови кои ти си ги зборувал?
Или можеби си доживеал некаква случајност?
Дали си помислуваш „Ох! Која случајност/коинциденција!“ или „Јас би можел да прескокнам вакви случајности…“ Всушност, не би требало затоа што секоја коинциденција ти испраќа порака, односно не постојат случaјности, постои само синхронизација и с
ѐ се случува со причина.

Synchronicity Happens For A Reason — There Are No Accidents And No Coincidences

 

Откривање на Синхронизацијата – Науката зад Случајноста

Вистината е дека сѐ во нашиот живот е поврзано.
Од минатото, до сегашноста и иднината – секоја поединечна случајност, коинциденција на која сме наидувале е поврзана.
Без оглед колку e мало или големо движењето, сѐ е поврзано со синхронизација.

Можеби се чувствуваш како да си имал совршен ден и сѐ одело како подмачкано или доживуваш лош период во кој „се случувале многу коинциденции“, универзумот ти испраќа порака.
Луѓето и работите кои се случуваат во одреден момент, не се ништо друго туку синхронизација и за среќа, постои начин ова да се прифати.

Дали ја знаете изреката „Кога ученикот е подготвен, учителот се појавува?“
На овој начин се објаснува синхронизацијата. Секогаш кога си во синхронизација со нешто кое вистински го сакаш поверојатно е дека тоа и ќе го среќаваш, што е слично со тоа зошто луѓето ги сретнуваме „случајно“.
Се работи за тоа што, тие се наоѓаат на истата фреквенција и синхронизацијата прави да се споиме со нив.
Постои начин да се создаде Синхронизација  

Кога веќе стана јасно како работи духовната синхронизација, време е да кажеме дека…

Можете да ја создадете истата

Како би го направиле тоа?“, можеби се прашувате.

Синхронизацијата работи најдобро за луѓето кои веруваат дека таа постои.
За почетници, вие треба да верувате во неа и да престанете да велите дека секој настан е случајност.
Работата е што, ако го викате ова, вие на универзумот му испраќате слаб спиритуален знак, како спротивност на силниот сигнал кој самиот универзум ви го испраќа синхронизирајќи сѐ околу вас.

Со разбирањето на синхронизацијата и гледајќи ги работите не како обичен, туку како посветен човек, вие ќе бидете способни да се поврзете подлабоко со внатрешната синхронизација и не треба да работите премногу напорно за да се случат работите кои ги посакувате. Наместо тоа, ќе верувате во нив и ќе дозволите да се случат, без никакво присилување за што и да се работи.

Да се соочиме…
Синхронизацијата е баш како огледало и на сѐ што сте посветени и верувате во тоа, ќе се рефлектира назад во вас.

Кажано вака, ако се согласувате со законот на синхроницитет, вие ќе можете да се поврзете длабоко и да испраќате силни пораки на спиритуално ниво. Настрана од тоа, вие ќе бидете подобра личност, ќе бидете посамоуверени и посветени кон сѐ што ќе правите.

Накусо, сфаќањето на синхронизацијата се толкува како постигнување хармонија во сѐ што барате и ќе бидете „свесни“ или „будни“ за сѐ што се случува околу вас.

Променете ги работите и видете кои можности работат за вас наместо против вас

Ако некогаш сте слушнале за „Марфиевите закони“ и верувате во нив, вие сте на добар пат да ја разберете синхронизацијата.

Добро познат факт е дека кога нешто оди во погрешна насока, можеби ќе продолжи така подолго време.

Идејата зад ова е дека синхронизацијата исто така работи против вас. Како и да е, ако очекувате да ви се случуваат лоши работи и продолжувате да верувате во Марфиевите закони, вие сте синхронизирани со вашата внатрешна негативност.

Науката која стои зад случајните средби – не е случајност

Налетавте на некого некаде? Помислувате тоа е коинциденција, среќа или случајност? Вистинскиот одговор на оваа „случајност“ е во науката на случајни средби.

Освен тоа, тоа е причината за нешто да се случи. Секогаш постои причина или конекција за да видиме некого или да доживееме нешто. Коинциденцијата е само илузија.

Нашето минато, сегашноста и иднината се поврзани

И иако можеби не го разбирате сѐ она што ви се случува, секогаш постои причина и таа причина станува очигледна во одредено време.

Синхронизацијата е секогаш присутна реалност за оние кои имаат очи да ја видат. – Карл Јунг

Можеш да чувствуваш синхронизација со луѓе, бројки, настани и слично.
Запомни дека треба да ја прифатиш синхронизацијата во нејзина реална форма, како начин на спиритуална и универзална интелигенција која постојано се обидува да не подучи, да стигне до нас и да ни прати љубов, поддршка и упатство.

Научете да бидете отворени кон синхронизацијата и почнете да живеете живот кој ќе има смисла!

 

 

 

 

 

 

Comments

comments