Дилемата што е подобро: дали книгата да се чита преку уред наменет за читање книги (таблет, компјутер, или друго техничко помагало) или да се чита обична книга која може да се најде во книжарница или во библиотека/читална, не знам дали целосно може да биде разрешена затоа што и двата начина на читање книги имаат свои предности и недостатоци.
Ваш избор е кој начин ќе го одберете, јас препорачувам нивно комбинирање.

Разлики помеѓу е – книга и обична книга:

  • Држењето на книгата и чувствувањето на нејзините корици во рацете е различно од чувањето електронски уред кој има екран при  кој наместо рачно да завртите страница вие со еден прст треба да направите допир на екранот со кратко движење за да преминете на следната страница.
  •  Со обичното читање постои можност книгата да биде помирисана и да се почувствува оној мирис на тазе купена книга кој мириса препознатливо или кај постарите книги може да се помириса мирис ист каков што се шири низ библиотеките каде има огромен број на стари книги и по стотици години додека електронското читање не го дозволува овој „луксуз“.
  • Ако ставите 10 книги во чанта тие би тежеле многу повеќе од таблетот / e-book читачот кој пак може да содржи во себе и 30 книги кои ви се достапни во секое време, а неговата тежина останува иста.
  • Обичната книга можете да ја препрочитате онолку пати колку што ќе посакате додека со електронскиот читач ќе можете само додека имате доволно батерија, а доколку немате можност да ја надополните батеријата ќе читате додека не се испразни.
  • Електронскиот уред за читање книги не постоел во минатото, а луѓето читале книги многу повеќе, додека денес достапноста на книгите е многу поголема, но интересот за нивно прочитување многу помал.
  • Додека читаш обична книга ти во раце држиш нешто материјално, но имаш можност да се стекнеш со духовно богатство кое се наоѓа токму во твоите дланки, и притоа пред себе секогаш ќе го имаш како парче потсетник дека си правел нешто корисно и ќе продолжи да живее и после тебе зошто книгите се бесмртни, а наредните поколенија ќе имаат можност да ѕирнат во минатото, и што читале нивните предци во времето кога живееле, а електронскиот уред има ограничен век на траење, нема да ги зачува вечно прочитаните книги иако и тој подеднакво дава духовно богатство.
  • Е – книгата не може да се подари со посвета за разлика од обичната книга.
  • Е – книгата ти овозможува зголемување на буквите и промена на фонтот, и исто така можеш да читаш во целосна темница затоа што самиот уред е осветлен.
  • Е– книгата не може да биде изгубена доколку го изгубите вашиот уред за читање (повторно може да биде најдена на некој сервер, да ја спуштите и да ви биде достапна).
  • Книгата не може да закачи вирус за разлика од е – книгата, но затоа може да допринесе да се збогати просторијата и да се внесе дух и живост во аголот каде што е сместена покрај останатите.
  • Е- книгата можеби нема да фаќа прашина на полиците, но не може ни да го понуди она задоволство кога мераклиски си ги преуредуваш книгите како што ти одговара класифицирајќи ги по твоја мерка.

Comments

comments