Некогаш е подобро да премолчиш.
Кога тишината е повредна и од најскапото злато искористи ја. Стани најбогата на свет.
Нека ги боли твоето богатство зошто нивните души никогаш нема да бидат богати како твојата.
Кога премолчуваш во моментот кога си најповредена, се повлекуваш и си одиш засекогаш, тогаш ја дознаваат вредноста на твоето молчење.
Кога намерно не го кажуваш она што порано не би го преќутела стануваш мудра.
Сфаќаш дека некои зборови немаат такво значење какво што реално им се припишува.
Секој му дава свое значење на она што ќе го слушне.
А, значењето на зборот останува исто. Кој и да го изговори зборот не се менува, се менуваат чувствата што ги предизвикува.
И сече. Зборот има толкава моќ како на нож свежо забиен директно во срце, не во грб. Зошто може да те убие. Душевно.
И да му е гајле зошто тој не е крив, туку оној кој го изговирил.
Никогаш не премолчувај кога знаеш дека си во право, но замолчи пред вистината, зошто таа го има последниот збор.

Comments

comments