Сабота , Јуни 24 2017
Колумни
You are here: Home / Општество / Активистичка / Перформанси на Рајан Галер (USA) и Ребека Ларкин (UK) во Македонија
Перформанси на Рајан Галер (USA) и Ребека Ларкин (UK) во Македонија

Перформанси на Рајан Галер (USA) и Ребека Ларкин (UK) во Македонија

 

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ ќе биде домаќин на неколку перформативни сценски настапи на Рајан Галер (USA) и Ребека Ларкин (UK) во Македонија – Скопје, Струмица и Гевгелија.

 

Планираните поетско-сценски перформанси се закажани да се реализираат на:

 

  • 10 мај 2017 година (среда) во 20:00 часот во Магор Book Coffee – Скопје,
  • 11 мај 2017 година (четврток) во 20:00 часот во Сцена 112 – Струмица и
  • 13 мај 2017 година (сабота) во 20:00 часот во Галерија „Амам“ – Гевгелија.

 

Во досегашните проектни активности здружението „Контекст – Струмица“ реализирал многубројни настани и гостувања на автори од Македонија и светот. Забележително е да се нагласат гостувањата на Мајкл Ротенберг и  Тери Керион (USA), Лесја Мудрак (Украина), Дениса Дуран (Романија), Јоханес Беилхарц (Германија), Мохамад Фарахат и Мухамед Магди (Египет), Јан Мок (Хонконг), како и на македонските книжевни автори Давор Стојановски, Ана Голејшка, Ѓоко Здравеки, Искра Донева, Борче Панов, Иванка Апостоловa,, Бобан Богатиновски, Марта Марковска, Тихомир Јанчовски, Славица Гаџова, Јосип Коцев и др.

rajan galer rebeka larkin

Рајан Галер (Ryan Galer) е писател, сценски, концептуален/ сатиричен перформанс артист и филмски режисер, мултидисциплинарен уметник којшто работи во областа на концептуалниот перформанс, уличната перформативна интерактивна анимација и сѐ што е поврзано со овие форми на уметност. Роден е 1989 година, во малиот град Нова Англија, САД.

Рајан Галер има дипломирано на Универзитетот Браун, 2012 година, на Род Ајленд школата за дизајн, комплетирајќи тези поврзани со сценско/ продукциски развој на филм. Потоа се преселува во Париз, Франција, каде се посветува на неговите перформативни настапи кои ги има одржано на многу познати јавни плоштади, паркови, метро станици и приватни резиденции. Неговата прва изложба, исто така, дел од експериментален театар, ја има одржано во неговата спална соба во почетокот на декември 2016 година.

Ребека Ларкин (Rebecca Larkin) студирала книжевност и историја на уметност во Англија и Франција, а во моментот живее во Париз веќе неколку години. Таа е поет, љубител на куклен театар и жесток инвентивен перформативен уметник. Ребека исто така сака да си игра со конструкциите на зборовите.

 

Comments

comments

About Стефан Марковски

Писател и поет, сценарист и драматург. Пишувањето му е леб, читањето - вино. Уживател на филмски и музички класици и истражувач на уметничката (не)ограниченост. [email protected]

Comments are closed.

Please support the site
By clicking any of these buttons you help our site to get better