Солзите ја наводнуваа плодната почва,
таа се хранеше со солени и врели капки
што доаѓаа како солени бранови
како стихија, а потоа како затишје после бура.

Тоа ти е процес на прочистување
од секакви штетници напаѓачи на почвата,
за да може да дише, да биде корисна,
прочистена, плодна и здрава.

Оклоп од железо облечен и зашиен,
длабоко во срце кое чука за да живее,
за да ја победи смртта и да бие до последен здив
во хармонија и мир.

Секој нов ден е победа
ако не си ја нахранил почвата,
а колку е таа погладна
ти си подалеку од темнината.

Секој нов ден е победа
ако се разбудиш со елан,
а колку е тој поголем
ти си поблиску до неа.

Секој нов ден е победа
ако ги исчистиш мислите од прашина,
а колку е помала прашината
толку е поголема победата.

Секој нов ден е победа
ако го урнеш немирот во себе,
а колку појако уриваш
толку повеќе победуваш.

Роден си за да живееш.
Живееш зошто си роден.
Зошто да ја храниш непотребно
гладната почва кога имаш избор
да ја оставиш да гладува?

Зошто да не бидеш победник секој ден,
кога сигурно го можеш тоа?

Н.Н

Comments

comments