Повеќето од нас едвај чекаат да дојде летото од повеќе причини.
Летниот период најчесто се поврзува со годишни одмори, плажа, вода, уживање, релаксирање под сенка, шетање и сите работи што се прават во лето и ви паѓаат на памет во моментов.

Сонцето што го бараме за време на зимата сега топли повеќе и од доволно, па треба да се преземат мерки за да се избегне неговото штетно влијание, но сепак да се ужива во неговите топли зраци.

Следуваат неколку чекори кои сите треба да ги почитуваме доколку сакаме успешно да ги преживееме пеколните температури.

1. Пијте многу течности, особено вода!

Водата помага за вашето тело да остане хидрирано, па треба да се пие дури и кога не се чувствува голема жед.
Покрај водата убаво е да се разладуваме со ладен или топол чај (и топлиот чај може комотно да се пие во лето спротивно на тоа што цело време мислиме дека топлиот чај се пие само во зимски период), лимонада, ладно пиво, цедено овошје или друг ладен пијалак или сладолед.

Избегнувајте големи количини на алкохол, а кога веќе пиете гледајте тоа да биде одговорно и да не претерувате. (Доколку веќе сте испиле поголема количина, клучевите од автомобилот дадете ги некому друг).

Избегнувајте го големиот внес на кофеин или барем ограничете ја количината на дневен внес.

2. Носете лесна облека (по можност памучна) и во светли бои

Очила за заштита од сонце, шешир/капа и лесна облека е тоа што ви треба.
Облекувајте се според пригодата, но паметно. За да не ви биде премногу жешко и да не се потите претерано. А, задолжителното користење на антиперспиранти е неизбежно за да го спречите тоа. 

3. Избегнувајте директно да се изложувате на сонце доколку немате навистина потреба

Гледајте да не излегувате на отворено во најжешкиот период и следете ги препораките на метеоролозите кои
нагласуваат во кој период не треба да се напуштаат ладните простории најчесто од 11 до 17ч.
Заштитени од сонцето останете во оладена просторија доколку немате потреба да одите надвор, барем кога сончевите зраци имаат најштетно влијание.

4. Пред да го напуштите домот задолжително намачкајте се на вашето лице и тело со крема со заштитен УВ фактор доколку подолго ќе бидете на сонце.

Кремата ќе спречи претерано сончање, и така вие нема да изгорите.
Дури и доколку не сте на плажа доколку сте изложени на сонце подолго време повторно треба да  користите заштитен крем (препарат што го употребувате кога се сончате) поради заштита од изгореници.

5. Доколку сте во можност разладувајте се покрај вода (било да е покрај некоја река, езеро или море), но повторно не ги испуштајте од ум препораките од погоре

Како што ќе трошите калории со пливање или можеби играјќи некој спорт на плажа или ќе се опуштате на лежалка со некој коктел и книга во рака не заборавајте на пиење вода и разладување со ладни пијалоци!

Тука може да се спомне дека секако најпрепорачливо е да се конзумира и некое летно овошје како што се лубеницата, дињата, ананасот и слично.

6. Не заборавајте да јадете здрава, лесна и помалку мрсна храна

Зеленчукот застапен во поголеми количини, овошје за ужина и помалку пржена и мрсна храна, внимателно одбрана и подготвена на здрав начин со хранлива вредност која ќе ве држи сити  и полни со енергија во текот на целиот ден.
Избегнувајте брза и инстант храна која може многу брзо да се подготви, при готвење користете тазе и проверени намирници и јадете свежо приготвена храна и солидно чувајте ја во фрижидер и на места прикладни за неа.

7. Бидете доволно физички активни, но доколку се одлучите да вежбате, вежбајте или во утринските или во вечерните часови 

Самите одлучувате кој дел од денот ви е најпогоден за вежбање според обврските кои ги имате во текот на денот, но направете го тоаили наутро или навечер (но, не пред спиење за да може да поминат минимум 2 часа откако сте вежбале за да можете нормално да заспиете).
Секако, не претерувајте ни со преголема физичка активност затоа што нема ефект доколку телото се премори и не му се даде одмор, а мускулите се преоптеретени и нерегерирани. 

Најдобар спорт за летниот период е пливањето кое претставува една од најдобрите вежби за цело тело затоа што при пливањето
се активираат речиси сите мускули. Било кој спорт да го одберете, нема да погрешите.
И пешачењето некогаш е доволно доколку немате време за поинтензивни тренинзи. 

Comments

comments