Алхемијата отсекогаш била прикриена со огромна тајна и мистерии. Денеска за алхемичарите се мисли дека се магионичари од средниот век на кои целта им била да направат Големо дело т.е. Magnum opus. Под големо дело се подразбира кога алхемичарот го создава каменот на мудроста, чудесен еликсир кој ги лекува сите болести и ве прави бесмртни (да, оној камен на мудроста од приказната за Хари Потер) и со кој базичните метали можат да се претворат во благородни (најчесто олово и злато).

Иако ваквото сфаќање за алхемијата, кое станало уште повеќе популарно после познатиот бестселер на Паоло Коелјо – „Алхемичар“, звучи исклучително привлечно и занимливо, вистината е како секогаш – некаде помеѓу.

Всушност, точно е дека многу благородници ги плаќале алхемичарите кои им ветувале дека ќе им го направат каменот на мудроста, дека ќе ги претворат металите во злато и ќе ги збогатат. На некои алхемичари намерата им била лесно да се стекнат со пари давајќи лажни ветувања. Некои други навистина биле уверени дека ќе успеат со баење да створат злато од олово, или некои други елементи.

камен на мудроста

Вака се замислувало дека изгледал каменот на мудроста

Што е всушност алхемија?

Како што тврдат изворите, алхемијата се изучувала во Кина, Индија и Египет. Струјата која најмногу влијаела на настанокот на современата хемија е грчка, поточно Аристотеловата филозофија. Секако, Аристотел не бил алхемичар, туку неговото сфаќање на природата било преземено од Арапите.

Поради таа причина пости тој арапски АЛ, измешан со грчки chēmía (χημία). Грците тој израз го позајмиле од египетското kēme, што во превод би значело „црна земја“. Значи, грчкото влијание, проткаено со арапското довело до средновековно сфаќање и латинскиот израз alchymia.

Алхемичарите верувале во една идеја која својот врв го доживеала во ренесансата. Сметале дека сѐ околу нас има душа, дух. Исто така се верувало и за металите. За нив не само што се мислело дека се живи туку и дека растат внатре во земјата. За обичниот метал како оловото, преовладувало верување дека не поседува духовна и материјална зрелост како благородните метали. Секој метал е, значи, во некој стадиум на развој до благороден.

alhemija

Алхемија, претворање на оловото во злато

 

Ако така ја посматраме природата, потребно е само да се променат односите помеѓу составните елементи (за алхемичарите тоа биле сулфурот, живата и готварска сол) и би добиле злато. Прилично едноставно, зарем не?

 

Први хемиски лаборатории и експерименти

Веројатно од филмовите ви се познати темните дворски простории кои се осветлени со свеќници, тегли со разни состојки поредени по полиците. Така некако изгледале првите лаборатории. Не е воопшто чудно што занимавањето со алхемијата било забрането со закон.

Вистинската причина за забрана за практикување на алхемијата, всушност, не било тврдењето дека алхемичарите се магионичари туку дека стравот тие ќе успеат во својата намера да направат куп злато. Економијата во таа доба тоа не можела да го дозволи. Фунтата морала да остане најјака валута.

Robert Bojl
Алхемичар (Robert Boyle) Роберт Бојл

 

Подоцна еден алхемичар од XVII век, Роберт Бојл, се изборил тој закон да биде укинат. Кралството Велика Британија вовело друг закон за алхемичари: ако некогаш се случи алхемичарите да добијат злато од други метали, тоа би морало да ѝ се предаде на државата. На благородниците на тој начин не им се исплаќало да ги плаќаат алхемичарите. Тој закон, за секој случај, не е укинат до денешен ден.

Лабораториите доста потсетувале на ковачници. Да се биде алхемичар значело да се знаат особините на металите, на која температура се топат, кога ја менуваат бојата. Алхемичарите полека почнале да прават инструменти со кои би го олесниле манипулирањето со металите. Огнот тука бил од централно значење, овозможувал брзо загревање на металите и полесно истражување на нивните својства.

Со алхемичарите почнале и првите хемиски експерименти. Полека настанувале и се унапредувале епруветите, лабораториските чаши, разни тегли, пинцети, стаклени стапчиња и други алхемиски инструменти кои им овозможувале да ги растопуваат, соединуваат елементите и да ги анализираат појавите кои се случувале во текот на нивното надгледување.

alchemistАлхемичар во лабораторија

Полека, алхемичарите ја согледале важноста за прецизност во експериментите. Роберт Бојл инсистирал на прецизност. Сѐ морало да се прави со мера. Тој барал секогаш и во било кој експеримент (успешен или неуспешен) да се запише точна количина, литража и редослед со кој експериментот се одвивал. Посматрање, запишување и анализирање биле главна работа на алхемичарите.

(Не)достижна цел на алхемијата

Секако, алхемичарите никогаш не успеале да го остварат погоре споменатото Големо дело. Каменот на мудроста со кој се добива злато останал недостижна цел и она по кое алхемичарите останале запаметени. Историјата се фокусира на фантазија и празно верување на алхемичарите, а не на нивниот придонес во обликувањето на современиот поим за хемија. Огромен број на неуспешни експерименти, како и оние успешните, нивното сѐ поголемо инсистирање на прецизноста и големата промена во сфаќањето на елементите, допринеле за развој на хемијата која денес ја имаме.

paracelzus

Алхемичарот (Paracelzus) Парацелзус како доктор кој се занимавал со алхемијата за да пронајде лекови (кај кого може да се види зачетокот на фармацијата), во една прилика рекол:

Многумина зборуваа дека алхемијата служи за правење на сребро и злато. За мене тоа не е цел, туку само да испитам какви доблести и моќ лежат во лековите.

(Isaac Newton) Њутн исто така се занимавал со алхемија, тој факт е помалку познат и останува во сенка зад неговиот придонес во физиката. Имено, Њутн бил опседнат да направи камен на мудроста и голем број на „пропуштени часови“ му се посветени нему.

Robert Boyle живеел и создавал кога алхемијата била на својот врв, за што бил доста заслужен. Себеси се сметал за алхемичар, а многу го сметаат за прав хемичар. Тој всушност и го овозможил тој премин од алхемија во хемија. Неговата намера била хемијата да се сфати како сериозна наука, вредна за проучување. Своето убедување го напишал во делото Скептични хемичар.

tri elementi

Три елементи: сулфур, сол и жива

Најпосле, не може да се каже дека алхемичарите не биле во право. Glenn T. Seaborg успеал во 1980 година да го претвори бизмутот во злато. Меѓутоа, парите кои биле вложени за овој експеримент да успее биле многу поголеми од количината на злато која била добиена.

Каменот на мудроста досега не е направен, тоа се остава на наредните генерации.

 

Comments

comments